Балканот се тресе - Македонија влегува во војна?!

Долго најавуваната бомба на Зоран Заев конечно пукна! Лавината тргна и носи се пред себе. Во еден момент ќе застане, но што ќе уништи по пат ќе дознаеме дури тогаш. Дали ќе ја сруши Владата или ќе ја закопа СДСМ во историјата ќе покаже времето, но дали некој може да гарантира дека нема да има и огромни „колетерални“ штети?

braniteli-banskoliev-1

Деновиве сите медиуми се прополни со пишувања на темата. Се изнаслушавме контрадикторни информации кои се нудат како објективи, па секој може да си одбере своја „вистина“. Сепак, вистина може да има само една, а се друго се шпекулации и опасни ставови на поединци или движења, кои намерно го лажат народот за исполнувања на свои цели. Иако ситуацијата е многу сериозна, повеќето структуруи во државава сеуште го гледаат само својот ќар, ја тераат своеглаво својта агенда мислејќи само на својот џеб. Од таа причина јас нема да го искажам моето мислење на темата, воопшто нема да се обидам да застанам зад едните или другите, туку само ќе посочам факти.

1. Факт е дека прислушкување имало.

2. Факт е дека документите кои Заев ги има се добиени од странски служби. Човекот тоа си го кажа и сите го видовме на видео.

3. Факт е дека видеото незаконски беше објавено, но тоа не ја менува вистината дека лидерот на СДСМ соработува/л со странска разознаавачка служба за да дојде до тие документи.

4. Факт е дека поседувањето и објавување наа тие снимки е кривично дело, додека истите не можат да бидат искористени на суд за докажувње на криминал на владата (доколку истиот постои).

5. Факт е дека странската разузнавчка служба не му помогнала на Заев за џабе. Односно, дека таа странска држава (која и да е) има свој интерес во Македонија.

6. Факт е дека кога и да се вмешала странска држава во Македонија, последиците биле страшни по нас

-1913 година Букурешки договор, големите држави решаваат да ја поделат Македонија на Бугарија, Грција и Србија

-2001 година, Рамковен договор – не дека ми пречи тоа што Албанците добија прво на образование на мајчин јазик и слично, но тоа што Македонците од државотворен народ стана етничка група е сериозен пораз.

-2004 година и американското „влијание“ врз референдумот за територијалната организација на Македонија – Струга и Кичево станаа доминатно албански општини.

Нема пример во историјата кога надворешна сила направила нешто позитивно за Македонија, па повикувањето на странците на помош е пукање во сопствената нога.

7. Факт е дека неколку светски воени и политички експерти веќе неколку години зборуваат за нови немири на Балкнот.

8. Факт е дека додека ние ги живееме „бомбите“ на Косово се спрема нешто големо, па речиси половина од албанското население таму бара азил во Европа или српско државјнство.

9. Факт е дека народот во Македонија е комплетно поделен на тотално спротиставени страни. Тоа што едните го гледаат како бело, другите се сигурни дека е црно. Дијалогот на било која тема е речиси невозможен. Не зборувам тука за политички активните, туку за обичниот народ што бистри политика во кафана.

Веќе неколку дена СДСМ тврди дека Премиерот Груевски е исплашен. Јас не знам дали тоа е вистина, но знам дека јас сум многу исплашен. Не затоа што ме интересира дали оваа влада ќе падне, туку за начинот на кој некој од надвор се обидува да ја бутне. Доколку не ви е јасно од каде ми е стравот, погледнете го списокот на земји каде владата паднала од надворешно влијание и каков бил подоцна животот во тие држави. 90 % од случаите војната бил неизбежна! Ако за некого во Македонија војната е прифатлива опција, за мене не е! Затоа пред да подржите нечива агенда, рзмислете дали истата вреди да земете оружје во рака или да го пратите вашиот маж, син, татко во војна.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно