И рекле дека бебето и е мртво, но мајката направила ЧУДО!

Кејт Ог од Австралија во 27-та недела од бременоста родила син, Џејми, кој тежел само 900 грама. Неговата сестра близначка е родена без никакви компликации.

Untitled

Малиот Џејми бил во невоља и не дишел. По 20 минутна борба, докторите го прогласиле Џејми мртов.

Медицинските сестри и докторите нежно го положиле Џејми на градите на неговата мајка, која имала последна прилика да се прости со своето дете.

Несреќната мајка со солзи во очите го гушкала својот син, додека му зборувала колку го сака, неспремна да го пушти.

Надевајќи се на чудо, госпоѓа Огго одмотала детето и го приближила до своео тело.

И тогаш се случило нешто неверојатно.

По два часа, колку што го гушкала и му зборувала мајката, бебето почнало да покажува знаци на живот.

Прво тоа било само вдишување, што докторите го сфатиле како рефлекс. Но тогаш мајката почнала да му дава млеко со прст и бебето почнало да дише нормално.

- Помислив: Господе, што се случува?, рекла госпоѓа Ог.

- По кратко време ги отвори очите. Тоа беше чудо. Тогаш ја помрдна раката и ме фати за прст. Ги отвори очите и ја помрдна главата од една страна на друга, додава среќната мајка.

До денешен ден ова е медицинска мистерија - но навистина прекрасна.

Коментари

Популарно