Денеска сончев ден, но утре доаѓа...

0935367001380559442_431787_600x458Денеска е среда, 4 март, 63-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 302 дена.

Денот трае 11 часа и 19 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и шест минути, а заоѓа во 17 часот и 25 минути.

Месечината ќе зајде во пет часот и девет минути а повторно изгрева во 16 часот и 27 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне се очекува облачноста да се големи особено во западните делови каде е можно во текот на ноќта да има и слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремен умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Значителна промена на времето се очекува во четврток кога се очекуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога во западните делови локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. Ноќта кон петок ќе се спушта постуден воздух кој ќе предизвика некои врнежи од дожд на повисоките места да преминат во снег, особено во северните и западните делови од земјава, а на планините да се зголеми снежната покривка.

В четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој ноќа ќе го смени правецот во северен и ќе предизвика опаѓање на температурата во наредните денови.

Коментари

Популарно