Вардар ја уништи Висла во скопскиот пекол!!!

Вардар 31-20 Висла

mkd-106785

Лош ден било тое пред една седмица во Полска. Најолошите 30 минути во вториот дел одигра тогаш Вардар, но денеска се наплати. Покажаа црвно-црните дека која и да беше разликата во гости, ќе ја надополнеа денеска во Скопје. Атмосфера во која ќе паднеше секој, игра со која се заслужува 1/4 финале во Европа две години по ред.

За разлика од мечот во Полска денасека проработеа бековите, па Караџиќ, Дуѓебаев  и Горбох го наполнија голот на Висла. Штербик покажа зошто е најдобриот голман во светот, и пикерите ја одиграа својата улога. Можеби потфрлија крилата, па ќе ни останат должни за перфектни партии во 1/4 финалето.

Вардар е две години по ред во најдобрите 8 во Европа, успех за респект и восхит. Сега ја очекуваме ждрепката и противникот преку кого ќе се обидеме да се пласираме на Фајналфорот. Јасно  е дека нема слаб можен противник, но нема ни таков кој го посакува Вардар за свој противник.

Коментари

Популарно