И покрај бомбите СДСМ не може да дојде на власт - Еве зошто

Немам навика да пишувам две колумни за два дена и речиси си ветив дека нема повеќе да пишувам за политика, но ова што се случува деновиве е максимално лудило, па морам малку и јас да и се истурам на „хартијава“.

sdsm-sediste098-639x320

Оние кои ме знаат би ви кажале дека сум политички неопределен и дека оддамна немам гласано на избори. Би ви кажале дека немам апсолуно никакви политички афинитети и дека политиката ја сфаќам како грозна, прљава работа. Јас не би можел да бидам политичар, премногу сум импулсивен и отворен, па на пример при средба со грчкиот министер за надворешни работи на која тој би ми рекол дека проблемот со Македонија и името е во иредентистичките афинитети на мојата држава, јас би го убил со вазна, или микрофон, чешел... било што. Никогаш не ме бивало да ги зауздам емоциите, доказ за тоа и мојава вечерна колумна. И се тоа би било во ред, доколку баш јас, оној кој не го бива за политика треба да им држам лекции за политака на СДСМ и сите нивни (ох туго) новинари.

Наместо да се обраќам до секој од нив кој во овие неколку месеци направил опасен ГАФ, ќе им се обратам на сите наеднаш. Значи, Заев, Шекеринска, Шилегов, Саше Политико, Никола Гелевски, Милчин, Генералот Стојанче... ова е за вас.

Јасно е дека во опозицијата има желба за власт, има и стратегија како до победата, т.е. пола стратегија и тоа е се. Значи прво нешто што мора да направат од опоцискиот блок е да ја дополнат својата програма. Досега требаше да разберат, колку бомби и да пукнат и што и да има на бомбите, тоа нема да е доволно. Македонија можеби ќе посака ВМРО да ја изгуби власта, но повторно ќе нема на кого да ја даде! СДСМ не е опција од повеќе причини:

1.Заев лажеше и што е уште пострашно сеуште лаже дека материјалите му се од „домашни патриоти“ и дека всушност Владата прислушкувала, а тој само им ги „украл“! Лажеше дека се прислушкувани 26.000 телефони, но 2 не се. Телефоните на Мијалков и Груевски не биле прислушкувани, па тоа е доказ дека државата прислушкувала. Неколку дена подоцна слушнавме разговори и од Премиерот и од Директорот на УБК. Не знаеше Заев дека ќе ги објави овие разговори кога лажеше дека не постојат? Кој му ја прави стратегијава?

2.Ова веќе сум го кажал. Програма луѓе!!! ПРОГРАМА!!!!! Лажете не барем. Миљардата на Циле ако не ви текнува ништо друго. Не може да барате власт без ветувања врз основа на програма.

3.Ако сеуште не ви е јасно зошто воопшто СДСМ ја изгуби власта во 2006 година, еве и тоа бесплатно ќе ви го кажам. Заради вашиот СНОБОВСКИ и егоцентричен однос кон народот. Се однесувавте и сеуште се однесувата со останатиот дек од Македонија како да имате сина крв. Ако некој не размислува како вас, тој е глуп по дифолт. Па ај вас кои некогаш бевте нешто и да ве разберам ( не и да ве оправдам),ама тужнион Саше Политико да го вика Трендо „п**ка“ зашо не сака да го дружи или да и се убаци на прес на Каролина и да ја малтретира пошо не размислува како него е ...(колку и да барам друг збор џабе е) ... ЕКСТРЕМНО ГЛУПО! Не знам јас кој му е IQ на тој момак и дали он стварно мисли дека се бори за демократија или пак се надева да го наплати сево ова кога/ако СДСМ дое на власт, ама знам дека СДСМ веднаш треба да се огради од него. Кога на сево ова ќе надоврзете човек кој во емисија во жива на ТВ се дере „барабо“, „бандит“, „ретардиран“, пцуе, „моча“ по министри.... сликата станува уште појасна колку е далеку  Заев до премиерска фотеља.

4.Во недостаток на свој кадар СДСМ праќа генерал да ја заземе МРТ?! Ај кај генералов има „Достоинство“, ама неписмен човекот. Срам да ти е да го слушаш. Не бе, не се шегувам. Кога прв пат се обидов да изгледам негово интеврју на тема заземање МРТ негде на пола го исклучив од што ме фати срам. Срам дека и тој е Македонец. Човекот не знае што збори! Врска нема! Би го цитирал, ама срам ми е. Озбилно! И тоа е ок. Толку му дал Господ, а он сака да биде фаца и се прави интересен, ама одлуката на СДСМ да го земе од своја страна е многу погрешен потег. Зарем не проценија со каков лик си имаат работа? Па пред само неколку месеци тој во јавност ги објави пораките од неговиот кум до својата 15 годишна ќерка, воопшто не размислувајќи како тоа ќе влијае на девојчето. Тој човек сега ќе и помогне на СДСМ да се врати на власт?

5.„Или си од моја или против мене“! Оваа методологија се покажала како корисна во многу битки, но истата смее да се користи само од страна на посилниот во конфликтот. Значи ако на пример Русија или САД и го кажат ова на Македонија, ние секако ќе ја избереме првата опција.Но, ако истата „закана“ дојде од Буркина Фасо, освен што нема да ја постигне поентата ќе предизвика и гнев кај нас. Во моментов во Македонија СДСМ е во послаба политичка позиција од својот опонент, што значи дека не смее да го користи овој ултиматум, а тиа упорно го прават тоа. Наместо да се обидат да ги придобијат неутралните на своја страна, тие упорно дискредитираат сеокого кој не им помага или не размислува како нив. Во неутралните ја бараат вината за своите порази или со други зборови „Народот е во право дури и кога греши“.

Можеби ние грешиме, ама вие не ни давате опција!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно