ВИДЕО: Македонец победник на 11-от Скопски Маратон ?!?

Скопскиот маратон е манифестација без која неможе да се замисли месецот мај. Оваа година се одржува по единаесетти пат, а досега се пријавија рекорден натпреварувачи во сите дисциплини. Досега ниеден македонец нема победено на полумаратонот и маратонот, иако во неколку наврати нашите атлетичари беа неверојатно блиску. На единаесетиот скопски маратон, нашите надежи се полагаат во атлетичарот Кокан Ајановски кој досега двапати со второ време ја завршуваше полумаратонската трка. По тој повод, дојдовме во фитнес центарот Синерџи да видиме како се подготвува за претстојниот полумаратон.

Коментари

Популарно