ФОТО: Еве колку е оштетено Аудито на Заев во сообраќајката

Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила на крстосницата меѓу улиците Климент Охридски и Братство и единство во Струмица, утрото во 9 часот. Се судриле две патнички возила и тоа, „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М. (25 ) од Радовиш и „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А. (58) од Струмица.

avtomobil_zaev1

Во несреќата, како што информира МВР, со телесни повреди се здобиле возачот на пунтото В.М. и двајца сопатници С.Ѓ. (25) и З.М (32), сите од Радовиш, а од аудито со телесни повреди се здобиле Ј.А. (53), Д.К. ( 61) и Р.К. (66) сите од Струмица.

Извршен е увид на лице место, а сите повредени се пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.

avtomobil_zaev

Коментари

Популарно