Гечевски: Судиите и федерација го местат МЗТ за шампион!

Искусниот македонски кошаркар Тодор Гечевски, смета дека МЗТ мора да биде шампион и дека тоа причината за промена на претседателот на КФМ.

41-624x431

Кавадарчанецот одигра одлично во вечерашното големи дерби на неговиот Работнички против МЗТ Скопје, реализирајќи 19 поени заедно со седум скока, но беше и максимално нервозен во најголем дел од средбата поради, според него, лошите одлуки на судиската тројка.

По средбата, напуштајќи ја соблекувалната во салата „Градски парк“, тој гневно, во вид на дофрлување кон новинарите, го искажа своето мислење за дербито, но и за актуелните состојби во македонската кошарка по смената на Даниел Димевски од местото претседател на МКФ и доаѓањето на Петар Наумоски на негово место.

Еве зошто направија промени во федерацијата, само за МЗТ Скопје да биде прв. Слободно напишете дека јас сум го кажал тоа, дека Видоја (Секуловски, извршниот директор на МЗТ – н.з.) ја води кошарката кај нас“, беше кусиот, но крајно револтиран коментар на Гечевски по вечното дерби.

Коментари

Популарно