Што мислат за вас останатите хороскопски знаци?!?

Додека едни знаци се обожаваат, други не можат да се поднесат. Затоа, прочитајте како изгледате во очите на Стрелците, Девиците, Вагите...

horoskop-u-provodu

Како Овенот ги гледа другите знаци:

Бик - премногу спор, неактивен, досаден.

Близнаци - цар.

Рак - преголем плачко.

Лав - добар, но не сака да признае дека сум подобар од него.

Девица - чудак, но може да биде добро друштво кога сум осамен.

Вага - неодлучна, премногу се труди да ме смири.

Скорпија - искрено, немам мислење за неа.

Стрелец - супер забавно друштво.

Јарец - редовен кавгаџија, дури и кога е во право морам да му контрирам.

Водолија - нешто сериозно не е во ред со неа.

Риби - неверојатно слаби, без став.

Како Бикот ги гледа другите знаци:

Овен - премногу нестрплив, по малку и агресивен.

Близнак - опушти се човеку.

Рак - одличен е, но има сериозни проблеми со емоциите.

Лав - на никој не му е гајле за тебе, престани да се фалиш.

Девица - ми се допаѓа што е организирана, но некогаш е напорна.

Вага - ми се допаѓа, но бара да ја третирам како кралица.

Скорпија - забавна е. Не ја разбирам најдобро, но ми се допаѓа што има уметнички дух.

Стрелец - ми се допаѓа како личност, но не и начинот на кој се однесува.

Јарец - супер е затоа што сака да наредува, а мене ми треба некој да ме раздвижи.

Водолија - ништо позитивно, затоа ќе премолчам.

Риби - слатки, но ништо посебно.

Како Близнаците ги гледаат другите знаци:

Овен - забавен е, но има проблеми со бесот.

Бик - дооооосаден.

Рак - не ми се допаѓаат промените на расположението.

Лав - премногу се фали, па затоа е забавен кога не сфаќа дека го зезам.

Девица - мислам дека има опсесивно компулсивно пореметување.

Вага - премногу се грижи околу својот излгед.

Скорпија - кој?

Стрелец - забавен е за глупости, но треба да си го реши проблемот со бесот.

Јарец - се лути ако го допреш, затоа подалеку од мене.

Водолија - понекогаш можеш да разговараш со неа, но често знае да ме извади од такт.

Риби - премногу фантазира и не е забавно друштво.

Како Ракот ги гледа другите знаци:

Овен - зошто е толку груб?

Бик - знае да помогне, има добра душа.

Близнаци - не ми се допаѓа што семејството не му е на прво место.

Лав - премногу е заљубен во себе, а не сфаќам зошто. Не е ништо повеќе од другите.

Девица - симпатична, смирена.

Вага - добра, но се грижи без причина, па станува напорна.

Скорпија - одлично, баш тоа што ми треба.

Стрелец - чудак! Ми се чини дека не му се допаѓам.

Јарец - некои мислат дека наредува, но јас го сакам и таков.

Водолија - што не е во ред со неа?

Риби - сродна душа.

Како Лавот ги гледа другите знаци:

Овен - не е лош, но јас сум подобар.

Бик - не е мој тип, подалеку.

Близнаци - премногу зборува, но може да е забавен.

Рак - пријатен, има добар карактер, но многу е срамежлив.

Девица - не се грижи, чевлите и торбата ти одговараат. Сега, може да разговараме?

Вага - брзото размислување за неа е мисловна именка.

Скорпија - од непозната причина не сака да се дружи со мене. Како и да е...

Стрелец - Најјак!

Јарец - зошто си толку строг кон себе, а и кон мене?

Водолија - чудна е.

Риби - не. Никако.

Како Девицата ги гледа другите знаци:

Овен - потребно е да си ги утврди границите.

Бик - океј, ама малку мрзлив.

Близнаци - ужас, не знам кој ќе го пофали.

Рак - добро, знае да помогне ако треба.

Лав - ме вади од такт.

Вага - не ја знам доволно добро, но ми изгледа ок.

Скорпија - шармантна, сепак не можам да ја пофалам.

Стрелец - забавееееен!

Јарец - секогаш ќе ми биде омилен.

Водолија - зошто е толку мрзлива за да ги заврши обврските, а за забава е секогаш подготвена?

Риби - премногу фини. Премногу за мој вкус.

Како Вагата ги гледа другите знаци:

Овен - премногу разигран за мој вкус.

Бик - хм, добар е, ама не нешто... не би го земала здраво за готово.

Близнаци - интересен соговорник, одличен за совети.

Рак - романтичен, пријатен кон другите, но постојано го менува расположението.

Лав - шармантен, но и арогантен.

Девица - секогаш сака да го достигне совршенството. Сакам и јас, но не по секоја цена.

Скорпија - малку ме плаши.

Стрелец - хаотичен, но супер лик. Имаме слични интереси.

Јарец - и од него малку се плашам.

Водолија - одлична смисла за хумор, но често знае да ги повреди другите.

Риби - ми се допаѓа нивната личност, но премногу се срамежливи, па не знам за што би разговарале.

Како Скорпијата ги гледа другите знаци:

Овен - хахаха, не!

Бик - ми се допаѓа, за пријател.

Близнаци - премногу зборува. Всушност не престанува, исклучете го од струја!

Рак - хм, добар, но мирен и повлечен за мој вкус.

Лав - не е така лош како што кажуваат сите.

Девица - не сум сигурна дека имам какво било мислење за неа.

Вага - забавна, но не е доволно одлучна.

Стрелец - забавен, но премногу детинест.

Јарец - одличен, сериозен и одлучен, ми се допаѓа!

Водолија - немам време за такви луѓе.

Риби - симпатични, но срамежливи. Не сакам да им влечам зборови од уста.

Како Стрелецот ги гледа другите знаци:

Овен - супер, само премногу се натпреварува.

Бик - не е баш забавен за глупости, но ја цени мојата смисла за хумор, па е добар пријател.

Близнаци - забавни! Сакам да се дружам со вакви луѓе.

Рак - би требало да излегува повеќе, кога е дома пропушта толку забави работи.

Лав - го обожавам!

Девица - ме нервира. Кој може да чисти 2 часа, кога има многу позабавни работи во животов?

Вага - ме оптоварува со неважни детали, но е добар пријател.

Скорпија - не знам што да кажам. Премногу е мистериозна.

Јарец - зошто има толкава одбивност од мене?

Водолија - феноменална личност! Секогаш кога одам по нејзин памет си поминувам незаборавно.

Риби - не ми се допаѓаат, досадни се.

Како Јарецот ги гледа другите знаци:

Овен - добро, што прави со животов?

Бик - ми се допаѓа, одличен е, но мора да се активира.

Близнаци - те молам, замолчи!

Рак - премногу сентиментален, но сака кога ми прави услуги, па често го користам.

Лав - и ти замолчи, те молам!

Девица - единствена личност на која можам да ѝ верувам.

Вага - не, не ми е симпатична.

Скорпија - мистериозна е, но ми се допаѓа.

Стрелец - немам доволно навреди во речникот. Мислам, погледнете го, тотален хаос!

Водолија - кој? Не знам таков човек.

Риби - дали тука само јас мислам дека Рибите имаат две лица?

Како Водолијата ги гледа другите знаци:

Овен - премногу ризикува, ме нервира.

Бик - вистински пријател, сакам кога е во близина.

Близнаци - супер за разговор, но не и за забава.

Рак - не сакам претерано чувствителни лица.

Лав - ајде престани да мислиш дека си најдобар кога не си.

Девица - зошто би се замарала околу тоа дали ламбата одговара со тепихот?

Вага - одлично друштво, иако знае да ми досадува со своите дилеми.

Скорпија - интересна, но ништо посебно.

Стрелец - најзабавната личност на светот! Кога и да се најдеме на лудилото му нема крај.

Јарец - воопшто не ми се допаѓа.

Риби - и за нив не сум сигурна дека ги сакам.

Како Рибите ги гледаат другите знаци:

Овен - зошто е постојано лут?

Бик - прекрасен и доверлив пријател.

Близнаци - неговите шеги се смешни, но и злобни.

Рак - сладок е и секогаш искрен.

Лав - не би да го налутам, се плашам дека ќе ме повреди.

Девица - премногу строга, треба малку да се опушти.

Вага - многу ми се допаѓа, има сестрана личност.

Скорпија - не знам зошто сите ѝ се плашат, мене ми е супер пријател.

Стрелец - никогаш не ги напаѓај послабите, тоа имам да им кажам.

Јарец - иако е доста омразен и често ги напаѓа другите, мислам дека не е лоша личност.

Водолија - ми се допаѓа што е ексцентрична.

Коментари

Популарно