ФОТО: Колку пати сте биле на средно Водно, сте ја виделе ли оваа црква?

Рождество на Пресвета Богородица е православна црква сместена на падините на Водно на месното на историското село Горно Водно

11225709_10155595014460613_721871388_n

11256540_10155595016740613_1469845191_n

11263780_10155595014835613_1833987423_n

Таа е возобновена врз темелите на стара повеќевековна црква со колективно ктиторство на сите поранешни жители на разуранатото село.

11269646_10155595015575613_496357973_n

На црквата Св. Богородица и претходи долга историја која започнала некаде во XIII век, во пишуваните извори спомнувана како Св. Богородица Елеуса и Св. Богородица Водњанска, а во втората половина на XVI векцрквата запустела. Од 1847 до 1870 година е обновена еднобродната, засводена црква посветена на празникот Раѓање на Св. Богородица.

11289783_10155595013275613_1346469859_n

Црквата и селото Горно Водно се разурнати во 1955 година. Камен-темелникот на новата црква Рождество на Св. Богородица е осветен на 6 октомври 1996 година. Проектот за новата триконхална, еднокуполна црква го изготвиле арх. инж.Илија и Благојка Пулејко, а идејното решение за камбанаријата било на арх. инж. Никола Ничота.

11262933_10155595015295613_1761994384_n

Живописот и иконописот се дело на актуелните зографи Кирил Златанов и Лазар Личиќ. Поради својата местоположба, црквата е доста посетена.

11245243_10155595013585613_1959060329_n 11256426_10155595013655613_195959123_n 11256540_10155595013030613_1140459978_n

Испратено од Владимир

Коментари

Популарно