Младо момче ги шокираше археолозите

Израелската канцеларија за антиквитети соопштила дека завчера 13-годишно момче пронашло 1.400 години стара преса за вино во источен Ерусалим. Жената што го шетала кучето во областа Нева Јаков прва ги информирала надлежните лица дека во близина на нејзиниот дом се наоѓа археолошко наоѓалиште.

964A2EE9A6F9C547BEA904935C089F4B (1)

Членовите на канцеларијата, изненадени што слушаат за ископувањето за кое не знаат ништо, наишле на млад вљубеник во археологијата, кој им објаснил дека ископувањето го организирал со другарите. Момчето пронашло преса за вино со димензии пет на пет метри, пренесува АФП.

- Приказната навистина не допре, но имајте предвид дека неовластените археолошки ископувања може да уништат битни предмети - се наведува во соопштението на Амита Рем од канцеларијата за антиквитети. Тој додава дека младите аматери сега се повикани да учествуваат во официјалните ископувања, кои ги надгледуваат професионалци.

Коментари

Популарно