Видео: Какво е чувството да живеете во куќа што плови?

Пастелно сина подвижна куќа на туристичката агенција Airbnb за кусо време стана вистинска туристичка атракција во Лондон. Близнаците Ник и Стив Тидбол ја осмислија поради работата на новиот британски закон кои на Лондончани им овозможува делење на нивните домови со светските патници до 90 дена во годината.

kuka

Има две спални соби, бања, мини парк, куќичка за кучиња и јаболкница, а преку целата недела брод реморкер ја влече по реката Темза. Изградбата на куќичката траеше четири месеци. Иако нема греење, креветите се топли, а на гостите на располагање имаат топла вода, и чај и кафе во кујната.

Коментари

Популарно