ФОТО+АУДИО: Саше Политико во болница со раскрварена глава

udari-po-grb1

Новинарот и сопственик на порталот Мактел, Саше Ивановски, вечерва бил нападнат од двајца маскирани насилници. Според кажувањата на Ивановски, нападот се случил во Кисела вода, додека се обидувал да влезе во своето возило. Напаѓачите биле вооружени со метални шипки и му нанеле повреди на главата.

sase-politiko1

Според Ивановски, само заради тоа што навремено ја приметил опасноста и ташната со која што ги амортизирал ударите, ги спречило напаѓачите да го срушат на земја и да го претепаат.

skrshena-glava-11

По нападот Ивановски е пренесен во Градска болница со Брза помош.

Коментари

Популарно