Наезда на змии - еве што треба да направите ако ве касне

На нашите подрачја живеат неколку видови змии, од кои три се отровни, а останатите се безопасни. Поскокот, шарката и остроглавата шарка, се помалку отровни од африканските и азиските змии, како што се кобрата или црната мамба, па нивниот отров ретко кога е смртоносен. Поскокот е поотровен од останатите. zmija Како да препознаете рана – На местото на раната се гледаат две дупчиња од змиски заби. Понекогаш постои само една. Не мора секогаш да значи дека змијата во раната оставила и отров. Во дури 22 проценти од докажаните рани немало знаци на труење. Знаци на труење -Вртоглавица -Повраќање -Болка на местото на раната -Оток на лимфните жлезди во препоните доколку раната е на нога, или кај пазувите доколку раната е на рака. Шокот е најопасна последица. Постапка за лечење. -Лицето треба да мирува -Имобилизирајте ја ногата или раката на која е раната. Со тоа се забавува ширењето на отворот во организмот. -Потребен е брз превоз до болница image Имобилизација е постапка со која повредениот дел од телото се става во состојба на мирување. Во рамките на прва помош се спроведува привремена имобилизација. Нејзината цел е да спречи влошување на повредата и да се намали болката за време на превозот до болница. Во состојба на мирување се става ранетиот дел од раката или ногата и двата соседни зглобови. Ногата се имобилизира во исправена положба, а раката треба да биде завиткана кај лактот и доближена до телото. Најчести грешки кои не треба да ги правите -Не го преврзувајте екстремитетот -Не ја допирајте раната -Не се обидувајте да го извадите отровот -Не ставајте мраз на местото на раната Превенција – Некои рани, како оние кога случајно ќе згазнете на змија, речиси е невозможно да се спречат. Меѓутоа, постојат мерки на претпазливост, кои можат значително да ја намалат можноста да ве касне змија. -Оставете ја змијата на мир. Многу луѓе кога ќе бидат каснати, се обидуваат да и наштетат на змијата. -Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека -Рацете и нозете не ги ставајте во непрегледни места -Не кревајте камења или парчиња дрва доколку не сте доволно оддалечени од потенцијален напад на змија. Бидете посебно внимателни доколку се искачувате по карпи.

Коментари

Популарно