Данајската саможртва на Вранишковски

Интервјуто како новинарски жарн, барем во учебниците по новинарство, се дефинира како форма во која треба да се добијат одговори врз основа на поставени прашања. Формата во која од одговорите треба да произлезат прашања ја нема во жарновското новинарство. Ја има само во журналистичката имровизација во Македонија. Се дефинира како подметнато интервју.

slika-marjan21

Обично кога читам интервјуа, прво ги читам прашањата. Ако од нив можам да ги прочитам одговорите, тогаш весникот го ставам во купот за обвиткување тегли со зимница. Но, ете овој пат некако ме заинтигира моментот што некој успеал на бардот на македонското новинаство да му подметне интервју. И затоа решив да научам како се извлекуваат прашања од ковертирани одговори. Па, затоа се бардовите на новинарството нели, за да се учи од нив. Толку за формата, во продолжене за суштината.

Јован Вранишковски, кој за жал е заложник на својата бескуполозна амбициозност, откако не успеа во друштвото на оние од кои го прими виното и лебот и преку милоста на раката, од оној кој потоа со години го кудеше, влезе во Црквата како Епископ, сега по се изгледа повторно заглиби во својата улога на двоен играч на српскиот црковен двор. Токму во период кога во внатре-српското престројување мора да се позиционира, или кај менторот – Иринеј Буловиќ (каде и идолошки припаѓа поради неговата грко-православна теолошка наобразба) или кај мнозинството (од кое му зависи позицијата на некаков Архиепископ, за кој и во самата СПЦ сметаат дека е проект за една употреба), решил да биде конструктивниот играч во обединувањето на замислете Македонската црква? Како наеднаш Црквата во Македонија за Јован стана Македонска е прашање за посебна анализа. Таа конструктивност повторно е обвиткана со неговата саможртва.

Проектот ПОА и Вранишковски е одамна пропаднат проект. Него во живот го одржуваше само затворот, нешто за што јас со години пишував дека е погрешно и дека тоа е сценарио кое тој самиот го посакува. Впрочем тоа лесно се чита и од ова негово интервју во кое индиректно и благодари на МПЦ за тоа што светот се запознал со ПОА. Да не беа судските процеси од ПОА денеска немаше да има ништо. И во такава состојба, денеска покрај Јован ги нема ниту еден од оние сериозни црковни ликови кои тој ги заведе пред 10 години. (Се согласувам со оние кои велат дека причината за заведувањето беше неговиот интелегентен капацитет, што тогаш се гледаше како нова крв на МПЦ). Ги нема ниту Максим, ниту Софрониј, кои денеска се обични мирјани соблекувајќи ги мантиите. Со Јован денеска ги нема ниту монахињите на Таиса, кои избегаа во бугарските манастири во Видин. Велат кога Јован сакал да ги посети, Владиката Дометијан љубезно му одговорил дека се повлечени во келија, да не ги вознемируваат. Го нема ниту Атанасиј, кој се покаја и врати во МПЦ. Некои велат дека покрај Јован го нема ниту свештеникот Борјан Витанов. Со Вранишковски денеска се неговиот возач, чија главна ролја при бегството од МПЦ беше да го чува и изнесе од повардарскат епархија, тогаш луксузното БМВ, но не успеал благодарение на досетливоста на еден свештеник да ги избуши сите четири гуми. Со Јован е и Давид Нинов карактерно идентичен на Вранишковски. Тоа се двајца од тројцата негови Владици. Третиот Јоаким, никогаш и не бил дел од МПЦ, туку верен монах на СПЦ. Има и еден друг момент, за сега непознат во јавноста, но како што навестуваат ветриштата од Белград, слободата на Вранишковски освен што е исполнет предуслов за разговори со МПЦ, станала и добар предуслов за скенирање на работењето на ПОА. Особено по серијата анонимни дописи до Патријаршијата за многу чудни дејанија.

Токму поради тие факти, за кои и Јован е свесен, сега во идните разговори меѓу МПЦ и СПЦ нуди платформа во која наводната негова саможрва треба да биде темел на некакво единство на Македонската црква. Планот е ПОА да се откажела од автономниот статус, тој да и се доделел на МПЦ, а ПОА да се интегрирала во МПЦ. И така сите среќни ќе си општеле со вселената. Замислете МПЦ и СПЦ се подготвуваат за преговори, а Јован и неговите медиумски пропагатори, а своевремено негови екзекутори (едниот дел од една телевизија, другиот уредник на дневен весник, нека си ги препрочитаат текстовите) јавно го промовираат решението. Какви ќе бидат тие разговири и преговори, може да се насети.

Инаку, тоа што Јован го нарекува саможртва за некакво единство е всушност план за негов спас и какво-такво позиционирање на ПОА. Тоа во основа не е никаков оригинален предлог на Вранишковски, туку предлог на оние во СПЦ, кои се свесни дека парацрквата која ја инсталираа во Македонија ниту е, ниту некогаш може да биде решение на македонското црковно прашање. Тоа беше јасно видливо само една година по реалзиција на планот. И оние во СПЦ, кои имаат барем малку свест, уште тогаш бараа начин како Јован да и го вратат на МПЦ, по разбира се, завршувањето на употребната вредност. Тој план кој денеска го заговара Јован, а Геровски и Бојаровски воодушевени го нудат како историска шанса за некакво единство на МПЦ (единството на МПЦ е стабилно и меѓу црковниот клир и меѓу верниците), јас го објавив во август 2007 година. Пред осум години. Изворот на информациијата е од највисокиот врв во СПЦ и тогаш, а и денеска член на комисијата за разговор меѓу двете цркви. vecer celНо, знаете што е различно од тогаш до денес? Тоа што, Давид Нинов во еден телефонски разговор ме убедуваше дека тоа е лажна конструкција смислена во кујната на МПЦ. Давид Нинов тогаш живееше во филмот дека ПОА е факторот и дека МПЦ е онаа која морала да се покае и откако Стефан ќе му бакнел рака на Јован, да се случило обединување. За жал, за ова сведочење го имам само мојот збор, освен да проверам во архивата на Заев и Верушевски да не се наоѓа некој фајл од тогашниот разговор со Давид Нинов.

Вранишковски бескуполозно лаже кога тврди дека автономија е последната точка што можела СПЦ да и ја даде на МПЦ. Па, му објаснува во интервјуто на бардот на новинарството, како тој учествувал во Шамбези, каде се договарало, па не се договорило, па ќе се договорело кој тоа да дава Томос за Автокефалност. Но, заклучокот што го вади Јован е амнестија за српските национал шовинистички владици, дека тие и да сакале, не можеле да дадат Томос. Од СПЦ никој не ни бара да потпише некаков Томос за Автокефалност. Од СПЦ се бара само едно, да ја спроведе во пракса одлуката што на Соборот ја донела во 1959 година, во која констатирала дека „Епархиите во Македонија се издвоиле и функционираат во посебна Македонска Православна црква со свој Устав и дека одлуките на СПЦ во иднина нема да важат за тие Епархии” и за тоа да ги извести останатите православни цркви во светот. Толку. Ништо повеќе. Патот до томосот на МПЦ е пат кој ќе си го изодат Владиците на МПЦ, но ако за тоа не ги осптруираат српските Архиереи. Дали тоа ќе биде година, две, три . . . десет . . . воопшто не е проблем за СПЦ. Исто како што до својата автокефалност дојде и Полската и Чешката и Албанската православна црква. За православните цркви најважно е СПЦ да го врати сослужувањето со МПЦ. Јас, тврдам дека таков договор ќе поддржат сите православни цркви во светот веќе следниот ден, откако Архиепископот Стефан и Патријархот Иринеј ќе ја отслужат заедничката литургија во име на помирувањето. Ако на СПЦ и значи македонско признание на грешката од 1967, тоа не е никаков проблем да се случи. Но, проблемот е во немањето никаква искрена желба СПЦ да признае црковна ерархија во Македонија, која нема да има барем минимална духовна врска со Белата Пана во Белград. Зошто? Многупати сум пишувал зошто.

Во тоа легендарно интервју очекува да прочитам прашање, зошто секој Собор на СПЦ почнува со вечера кај српскиот кралски престолонаследник? Што е тоа што ги поврзува СПЦ и „краљевина“ Србија? Па, да објасни Јован по кој протокол и што означува распоредот на седење. На чело Кралот, десно Патријархот, а лево и десно од нив, Амфилохије од Црна Гора и Јован од Македонија? Чисто љубопитен сум. А, зошто бардот на македонското новинарство не е љубопитен не знам. Има различни причини. Некои се тенки, некои побајаги дебели . . .

Најсмешна од се кај Вранишковски е тезата дека тој по етничка припадност бил Владика. Односно слуга на Бога. Единството на христовата црква му било над се. Одлично. Еве две прашања од мене на кои очекувам да одговори. Зошто е дел од Црква во која мнозинството владици сметаат дека Папата во Рим е еретик, затоа што отпаднал од ортодоксната црква? И Второ, дали има намера на следното сосложување со Антимус во храмот во Солун, на среде црква, да му удри шамар кога ќе почне да проповеда националистичко-политички ставови контра Македониија, величејќи го еленизмот преку македонизмот. Да му стегне таков шамар на среде црква, како што тоа го правеше на македонските свештеници во Штип, кога проповедаа надвор од неговите замислени црковни вредности.

Одговорите може да ги анализираме и на дебата. Каде и кога сака. Може со себе да ги понесе и Давид и Марко. А да… и Геро и Коко…

Марјан Николовски , за Денешен.мк

Коментари

Популарно