Тито украл злато од Хитлер: Еве како богатството на Третиот Рајх завршило во СФРЈ!

Комунистичката партија на Југославија на чело со Јосип Броз Тито го конфискувала целиот имот и злато на Третиот рајх кој го затекнала после ослободувањето на земјата, а богатството го сместила во својот, државен трезор.

timthumb

На 9.06.1945 година Претседателството на АВНОЈ донело Закон за конфискација на имотот и извршување на конфискацијата, врз основа на кое државата го презела целиот имот на Третиот рајх, имотот на Германците кои во Втората светска војна соработувале со непријателите и имотно воените криминалци и соработници на окупаторите.

Законот бил правна основа за промена на имотната структура во Југославија , а под одредница на „соработката со окупаторот“ се ставени неретко и граѓани на кои требало нешто да им се одземе.

Според историските податоци, големи количини на злато на Третиот рајх кое Хитлер и Германците го депортирале и чувале во Белград и Србија комунистите го заплениле и конфискувале, а подоцна го сместиле во трезорот.

Поради ова богатство, наводно Југославија и Тито не сакале да учествуваат во така наречениот „Маршалов план за обнова на земјата“, бидејќи се сметало дека ќе наплатата, донекаде за штетата од Германците.

Златото после трезорот завршило во девизните резерви на СФРЈ, а ништо од него никогаш не било вратено!

Извор - Фокус

Коментари

Популарно