Автомати кои го олеснуваат животот - Приштина ги има, ние ги сакаме

Наместо да чекаат во редица пред некој од шалтерите, косовските граѓани може да застанат пред автоматот, да ја стават својата лична карта, да платат едно евро за услугата и да го изберат потребниот документ. Услугата е достапна 24 часа седум дена во неделата.

Во Приштина по примерот на Естонија, во центарот на градот, општината постави автомат од каде граѓаните може за неколку секунди да извадат лични документи, односно државјанство или пак извод од книга на родени. Наместо да чекаат во редица пред некој од шалтерите, косовските граѓани може да застанат пред автоматот, да ја стават својата лична карта, да платат едно евро за услугата и да го изберат потребниот документ. Услугата е достапна 24 часа седум дена во неделата. Благодарение на ваквиот пристап во решавање на проблемите, чија цел е да се олесни животот на граѓаните, Приштина стана првиот град во регионот кој нуди дигитални услуги од овој тип.

Коментари

Популарно