Македонското чудо од дете потпиша за Интер !

Италијанскиот гигант Интер, ги осигура усугите на Јани Атанасов,фудбалер од Академијата на Горан Пандев.

mkd-201300

Тој има само 15 години и веќе е дел од еден голем клуб како што е Интер, тој е продукт на Академијата на Горан Пандев од Струмица.

Трансферот ќе се реализира од јануари, бидејќи Јани сеуште нема наполнето 16 години.

„Многу сум среќен за него, за неговата фамилија и истовремено сум горд што го направивме првиот чекор, првиот талент што кариерата ќе ја продолжи во голем клуб, се надеваме на уште многу, многу вакви моменти “ - Изјави Горан Пандев за локалната телевозија во Струмица.

Коментари

Популарно