Цигарите поскапуваат од утре - Еве за колку ќе поскапат!

cigari0xhxhf

Од утре (1. јули) цигарите треба да поскапат за три денари. Оваа одредба доаѓа согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Зголемување од по 3 денари на цигарите се предвидува се до први јули 2016 година, по што во наредните  седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години  драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.

Коментари

Популарно