Ова се македонските Бивис и Батхед

Недела на ЛГБТ заедницата, денови кога Грција ја решава својата судбина под притисок на ЕУ, ММФ, па и Русија. Во Македонија се преговара времената влада, ќе има судски процес за Пуч, но денеска некако најмногу ми се пишува за вчерашната пресметка на двајцата големи „новинари“ во градскиот парк. Ова големи, слободно можете да го препишете на нивната телесна маса, а не на професионланоста при нивната работа.

real-life-beavis-and-butthead

Значи од една страна го имаме Саше Политико. Човекот кој гледал филмови за новинарство, не ги разбрал баш и решил дека сега токму тој ќе биде главниот јунак. Кога никој не сака да ти прави муабет, ти не си добар новинар... само сакаш да бидеш фаца. Еве јас не сум новинар, ниту експерт, ама знам дека многу брзо Саше ќе заврши во затвор. И тоа не затоа што судовите се корумпирани и го мразат него пошо е многу битен играч во спасот на Македонија, туку затоа што нема да може да ги исплати тужбите за нарушување на углед и за клевети, кои секојдневно пристигнуваат на негова адреса. Доколку не ви е јасно од каде овие тужби, погледнете ги насловите на статиите на неговите портали. Човекот во секој свој политичи текст навредува, клевети, па дури и колне. Можеби во неговата глава тоа е дефиниција за демократија, но на суд решава законот, а тој не е производ на желбите на кратовецот кој себе се нарекува новинар. Во својата само промоција дечково и се убаци на прес конференција на Каролина Гочева и ја прашуваше за политички ставови и прислушкувани материјали. Трча по секој за кој мисли дека ќе му донесе поени и поставува прашања од негови креирани тези. Нема почитување кон никого, ниту кон ниедна функција и позиција, а зборува за морал и тоа со речник на кој може да му „позавиди“ и Вејн Руни. Кога пред некој месец Саше се пожали дека двајца го маале со шипки по глава пред неговата зграда, тој изјави дека се спасил затоа што бил во добра кондиција бидејќи тренирал фудбал десет години. Саше, вчера се задиша у први 10 метра ко 90 годишен старец. Човече на Јанко не моеше да му избегаш, а не на дечки со шипки!

Од другата страна на рингот ни доаѓа Јанко, кој последниве неколку години како презиме го носи „Јади бурек“. Иако, кај многумина тој е на истото ниво со Политико, на мојата скала тоа не е така. Саше никогаш не сум го ценел, ниту читал и гледал. Јанко го имам слушано, а кој не го слушал? Ако ништо друго сигурно сте изгледале една утакмица на светско првенство со негов пренос. Сеуште го користам терминот „пациент“ кој тој го употребуваше во тие преноси. Јанко беше човек кој ја разбиваше монотонијата, но повеќе не е тоа. Токму затоа Јанко не е на истото скалило со Саше, туку барем неколку пониско. Додека за кратовецот сум сигурен дека тој му е капацитетот, толку може, за Јанко знам дека намерно избра да биде тоа што е. Мегафон на политичка партија и сељак со спреј. Јанко намерно стана ПАЦИЕНТ! Дното го допре вчера кога гровташе „Дои бе дои“ по задишаниот Политико.

Она што вчера се случи во парк на прв поглед, па и на следните 8 прегледи на видеото, е многу смешно. Еве признавам и јас се убив од смеење. Гледам денеска Саше се фали со прегледите на видеото на Јутјуб, пошо не разбрал дека не го гледаат зашто е јак, туку за да му се смеат. Каде и да е Јанко ќе му одговори дека неговата емисија е 1000 пати погледана и дека Саше за него е нула. И токму тука некаде е страшниот заклучок, дека овие двајца имаат свои гледачи и фанови. Овие двајца се нечии идоли и примери за новинари и успешни луѓе. Добро Саше не е успешен, он проси камера по интернет, ама можда е идол. Фаци како Политико и Бурек, постоеле и ќе постојат. Колку ќе бидат фаци или маргинализирани појави кои молат за внимание одлучувате вие. Не треба да ги мавате со шипки по глава или да им се заканувате, само престанете да ги гледате и читате и нив ќе ги снема. Ќе дојдат нови, можеби подобри.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно