Успешниот настан ,,Месецот на спорт” ја напиша победничката приказна

Изминатите 45 дена, ,,Месецот на Спорт” беше настан кој ги обедини сите бизнис единки кај нас, сите компании кои се натпреваруваа и се докажуваа кој е подобар. Во спортскиот центар „Форца“ , и СЦ ,,Борис Трајковски”, се одржуваа разни натпревари помеѓу пријавените компании. Уникатноста на овој настан е во компаниите и спортскиот дух на нивните вработени. Вчеравечер во спортскиот центар „Форца“, се наградија најдобрите, се дружеа сите учесници и уживаа во пријатната атмосфера на финалниот ден на ,,Месец на спорт”.

sport4

„Од голем број на пријавени екипи, над 1000 учесници, во 8 спортски дисциплини, најдобрите победија, но најважно од се’ е учеството, дружењето и убавите моменти поминати на терен, со многу адреналин и желба за победа. Но, овде спортскиот центар Форца не застанува, од септември започнуваме со бизнис лигата во фудбал и новитетот за оваа сезона, е бизнис лигата во Баскет која што ќе трае цела година, а за која што постои голем интерес.“ - изјави Димитар Делевски, директор на Спортскиот Центар Форца и Директор на Месец на Спорт.

sport3

Традиционално, по осми пат, во организација на Спортскиот центар „Форца“, видни македонски компании, учесници од сите сектори на македонската економија, се натпреваруваа во 8 спортски дисциплини, што е причина плус за големиот интерес и докажување кој е најдобар. Прво наградените добија вредни награди кои ќе можат да ги искористат летово и да одморат од спортскиот период полн со адреналин и натпреварувања.

sport2

„Месец на спортот” е едномесечен спортски турнир за бизнис единките во Македонија, наменет за развој на рекреативниот спорт и Team Building помеѓу вработените, кои на рекреативен начин се спортувааше и докажуваше кој во која спортска дисциплина е најдобар.

sport1

Коментари

Популарно