Уште еден „Шиптар“ за во гасна комора

Имав само 2 години кога татко ми прв пат ме однесе на Градски и ја сподели неговата љубов, својот Вардар со мене. Од тој момент, па се до денес и моето фудбалско срце е црвено црно. Имам мал милион спомени од стариот Градски, на Јужна со седмиците место кров. Па со кровот кој пропушташе дожд, клупите наместо столчиња на север. Милионите мравки на скалите на запад. Сум седел и на исток неколкупати, нормално навивајќи за Вардар. Кога како дете ќе дадев гол играјќи фудбал во маало јас не бев Марадона, Пеле, Пикси... секогаш бев Панчев. Дарко е мојот идол од детството. И не само Даре, туку и целата генерација која освои титула во СФРЈ во 1987 година. Беа тоа моите херои. Најдобри во свет! Кога следната сезона два пати загубија од Порто, татко ми безуспешно се обидувапе да ми објасни дека Порто е подобар. Во мојата малечка глава немаше подобар клуб од Вардар. Приказната продолжи и по тој пораз, па и по распадот на СФРЈ и силното првенство, се до еден меч со Слога на Градски и немирите по мечот во парк. Специјалци на коњи со огромни пендраци, топови со солзавец, истрели на пиштол во воздух од обиколен од комити полицаец, остар звук во уши од топовите и солзи во очите од солзавецот... Да не беше татко ми со мене ќе се изгубев или ќе паднев во несвест. Им се случи тоа на неколку деца околу мене, па полицајците ги носеа до фонтана... Тоа е мојот последен меч на Градски со татко ми...

vardar 87 sampioni

10-15 години подоцна повторно фудбаслки меч на Вардар (Миравци) и Шкупи (Слога) на Филип II (Градски). Различни имиња со сличен исход. Како и тогаш, така и денес Вардар не победи, а требаше. Како и тогаш така и денес никој не зборува за резултатот или квалитетот на фудбалот. Исто како пред деценија и повеќе на Градски се пеат етнички навредливи песни („клетите шиптари“, „за шиптри гасна комора“...), се палат бакљи и се користи пиротехника, па пола од натпреварот публиката нема прегледност на целиот терен. На Градски времето стои, само публиката си замина, иако таму се оние кои себе се нарекуваат Комити. Голобради деца кои не биле родени кога Комитите се формирани. Деца вљубени во своите песни кои никој друг не ги разбира. Апсолутно никој. Навивачка група која во речиси 30 години постоење нема створено ниедна песна што цел Градски ја пее. Ниедна!!! Сеуште се пеат песни за Пелистер и Шиптари, па дури и кога Вардар игра со Апоел! Да се разбереме, „Зига зага напред Вардар“ не е песна. Плус не е оригинал. Во оригиналната верзија имаше други (навредливи) зборови. Гордите Комити од 87 година до денеска, во 95% од песните пеат за смрт, за ебе*е, за шиптари... ама не пеат за фудбал, за победи, не пеат за Вардар. Во речиси 30 години Комитите не испеаа ниедна оригинална песна за барем еден играч на Вардар. И за нив времето застана и тие се заробени во минатиот век, кога да се биде навивач значеше да се биде хулиган.

Денеска медиумите пренесуваат и за дивеење на Комитите низ Скопје по натпреварот и повредени Албанци. Оваа информација сеуште официјално не е потврдена од МВР, па би ве замолил сите да ја прифатите со резерва, уште повеќе затоа што некои од медиумите објавија дека нападите се случиле во 21:00 часот. Во тоа време натпреварот сеуште се играше, а Комитите беа на стадион. Доколку имало напади, се надевам дека напаѓачите ќе одговараат за истото, биле Комити или не. Искрено, не би ме изненадило ако информациите се точни, нема да е прв пат по натпревар да се крши и тепа (Зуко го знае тоа најдобро), но не би ме изненадило и ако сето тоа е изрежирано. Нема да е прв пат да се користат Комитите или натпревар за потикнување меѓуетнички немири. Погледнете го само статусот на новинарот од Алсат, Мухамед Зекири и се ќе ви е јасно:

11252549_10154010706494466_1425985605770944300_n

-Има ли кој да ги заштитите невините граѓани од хулиганите ? Има ли полиција во државава која ќе им каже стоп на "комитите" кои секогаш кукавички напаѓаат недолжни граѓани по градов, или пак тие се заштитена "раса"

585

Мухамед, освен што ги осуди Комитите, им замери и за кукавичките напади! Сака да им каже следен пат да нападнат храбро?! Како би изгледало тоа Мухамед? Или ако Комитите напаѓаат кукавички, кој тоа напаѓа храбро? Можеби дечкото сакал друго да каже, ама Македонскиот не му е на ниво, па му се испуштило. Како и да е, со речникот кој го користи само провоцира меѓуетнички тензии, а во очите на Комитите е само уште еден „Шиптар“ за во гасна комора. Од нив тоа и го очекувам, но кога доаѓа од новинар следен од близу 60.000 луѓе на Фејсбук.... па, и од него го очекувам, но не го толерирам. И тој е заробен во времето, некаде во минатиот век кога со етнички слогани се добиваа поени кај „своите“.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно