ФИНАЛЕ за македонските одбојкари - и се одмаздија на Естонија!

Македонските херои кои ја прошетаа цела Европа со автобус, најдобрите македонски одбојкари успеаа да и се реваншираат на Естонија и изборија финале во европската лига.

odbojka

Македонија го подобри минатогодишниот пласман, кога стигнавме до полуфинале и се пласираше утрешното финале против Словенија. За победата да биде уште послатка беше извојувана против единствената екипа која оваа сезона не надигра во европската лига. Пред само триесетина дена Естонија на два пати не победи со 3-0 и 3-1, при што првиот пораз беше навистина болен. Но, ветија македонските одбојкари дека денеска се ќе биде различно и исполнија. 3-0 со 25-23, 25-22 и 25-22 за слатка одмазда и финале против Словенија.

Коментари

Популарно