Кој ни ги прати и што да правиме со мигрантите?

Веќе неколку недели главни наслови по македонските портали и весници беа скапите одмори на нашите политичари. Од наочари, до јахти и скапи вили... прочитавме се и вистини и лаги. Не ни сакам да помислам што ќе беше следно, ако не се случеше бегалската криза на македонската граница со Грција. Сега веќе никој не се сеќава дека политичарите воопшто беа на одмор, веќе неколку дена сите пишуваат и зборуваат за огромниот број на мигранти и односот на нашата држава и полиција кон нив.

migranti-28-520x311

За разлика од одморите и шпекулациите на тема кој наш политичар колку пари потрошил за одмор, мигрантите се тема што заслужува медиумски простор. Сведоци сме на катастрофа во досега невидени рамки, од која ќе произлезат уште многу големи промени на стариот континент. Војната во Сирија, ИСИС и мигрантите – бегалци не се случајност, туку добро испланиран потег на џинот на стаклени нозе, кој не сака да ја изпушти доминацјата во светот.

Како почна се и кој ги избрка од дома луѓето кои секојднево пристигнуваат во Македонија?

По 65 години доминација со светот, САД ја губи контролата и лидерската позиција. Иако Американците се сеуште на пол позиција, очигледна е се поголемата сила на нивниот вечен непријател, Русија. Прв доказ за промената на врвот беше војната во Украина, каде Русија не попушти и цврсто реши да ги брани своите позиции. Подржана од огромните Индија и Кина, во позадина Бразил и ЈАР, Путин конечно излезе од сенката на поразот на СССР во студената војна и тргна во долгоочекуваната битка за тронот. Веќе е јасно дека САД не може уште долго да го чува врвот, посебно ако Европа не е на нивна страна. Откако не успеаа да ја придобијат бараната подршка од старите сојузници од ЕУ, Американците најпрво го створија ИСИС ( за ова има многу докази за оние кои сакаат да ги најда на интернет), потоа побараа подршка да влезат во воздушни напади против нив. Европа одби, па се случија нападите на фрнцускиот весник и неколку терористички напади во Белгија, па Европа на сила влезе во сојузничко бомбардирање на територија на Сирија. Сепак, ИСИС без проблем го издржа тоа, но народот во Сирија не. Тие решија да ја напуштат својата татковина и како програмирани да тргнат кон Германија и Британија! Всушност, зборот „како“ во претходната реченица е вишок, тие се програмирани да одат во Германија, срцето на ЕУ и единствената држава која навистина инвестира во унијата и тоа токму по патот на „Турски тек“ – ефтиниот гас од Русија за ЕУ. Во меѓувреме ИСИС е најголемиот извозник на нафта во светот, а кајмакот го црпи САД. Со еден потег, Американците добија пари, подршка од Европа и опција на копче да ја дестабилизираат ЕУ кога и да посакаат. Сега Европа ќе биде заложник на џинот, кој не смее да падне од тронот, бидејќи ако/кога тоа ќе се случи ги чека крвава граѓанска војна, а многу веројатно и распад на федерацијата.

Моментална ситуацја

Без разлика кој е виновен за мигрантите кои секојдневно пристигнуваат на нашата граница, реалноста е дека на овие жртви на војната во нивниот дом навистина им е потребна нашата помош. Секако дека мал дел од нив, се терористи кои се тренирани од САД и специјалците на Британија, но погелемиот дел се невини жртви на светската борба за доминација. Секој нивни живот е вреден колку и мојот, колку и вашиот. Секоја солза на едно сириско дете е жешка, колку и солзата на едно македонче. Можеби и пожешка. Тие луѓе изгубиле се, освен животот и никако не смееме да се однесуваме кон нив како со терористи. 9.5 милиони Сиријци заклучно со Август ги напуштиле своите домови и тргнале да бараат спас и подобро утре. Нив ги води само надежта и не смееме да дозволиме токму на ова мало парче земја да ја загубат. Време е да заборавиме на политичките поени и уште еднаш да се покажаме како големи луѓе, како голема нација. Не смееме да дозволиме и овој пат да се поделиме на предавници и херои, на патриоти и продадени. Сите знаеме дека во Април ќе има избори, но користењето на црната судбина на овие луѓе како предизборна кампања е полошо и од убиство. Всушност многу наликува на Амриканската стратегија.

Деновиве читавме наслови и коментари во кои се повикуваа Егејците во Македонија и се играше на нивните чувства! Тоа не само што е потполно нелогично, туку и подмолно. Во моменти кога Европската комисија ја оценува макеоднкста реакција на бегалската криза како позитивна, кога УНХЦР пишува за 7.000 пренесени мигранти за само еден ден од Гевгелија до Табановце, а светските медиуми јавуваат за немири во Германија и 16 повредени во судири на полицијата и мигрантите. Кога Ла Манш е затворен, а полицијата тепа мигранти како да се хулигани на фудбалски меч. Во тие моменти дел македонските медиуми  пишуваат дека Македонија е „црна дупка“ за мигрантите, затоа што полицијата решила да ја контролира границата!!! Упорно се обидуваат да ја оцрнат државата со цел да се оцрни Владата! Фотељата е нивна цел, а методот не се бира! Доказ за тоа се и текстовите кон Егејците. Тие не сакаа да ги навредат Македонците кои беа протерани од Грција (иако го направија тоа), туку да ги свртат против Владата.

Од друга страна на фејсбук се појавија огромен број на статуси и коментари исполенти со омраза кон мигрантите. Веројатно мал дел испровоцирани од преходно споменатите наслови, но и од бегалската криза во 1999 година. Сепак, испровоцирани или не, овие коментари се полоши од самите провокации. Каква и да е провокацијата или минатото, не смееме да заборавиме дека сме луѓе, еднакви пред Бога, а на оние на границата навистина им треба секаква помош.

Овие коментри, статуси и статии по медиумите, всушност ја скрија моменталната ситуација од нас, а таа е следната. Македонија релативно добро се справува со бегалците. Им пружа помош на загрозените, полицијата и војската ја контролираат границата, а бегалците релативно брзо ја минуваат Македонија. Токму во зборот релативно се крие и критиката кон државата. Уште пред 9 месеци почнаа првите бранови на бегалци, а ние како држава не се подготвивме за да можеме подобро да изреагираме. Повторно сме фатени неподготвени, како што секоја година не начекува првиот снег во декември. Да се надеваме дека од ден во ден реакцијате ќе биде се побрза, а Македонија ќе стане светла точка на патот на мигрантите.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно