ВИДЕО: Головите на премиерот Груевски на синоќешниот меч против ЕУ

Западен Балкан го победи тимот на ЕУ со 4:2 на фудбалскиот натпревар, кој синоќа се одигра во австрискиот главен град Виена. Премиерот Никола Груевски даде два, а асистираше при реализација на другите два гола.

Untitled

За тимот на идните членки на ЕУ, покрај македонскиот премиер, настапија и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнодак, неговиот колега од Црна Гора Игор Лукчиќ и претставници на Министерството за надворешни работи на Австрија.

Екипата на ЕУ беше предводена од премиерот на Словенија, Миро Церар и од шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц. Правдата на натпреварот ја делеа еврокомесарот Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Натпреварот се одигра во пресрет на Виенскиот самит на земјите од Западен Балкан 2015, чиј покровител е токму Европската унија, а почна како дел од Берлинската иницијатива за инклузија на Западен Балкан во рамките на ЕУ

Коментари

Популарно