Видео: Човечки коски и нацистички значки пронајдени во утробата на џиновски сом

Полски риболовци Алфонс Брзовски и Марек Ждрановиќ уловиле сом во реката Одри стар помеѓу 90 и 110 години. Овој капитален примерок бил тежок 185 килограми, тоа што е посебно интересно во целата приказна е тоа што е пронајдено во неговата утроба. Во огромната риба пронајдени се човечки коски и значки кои припаѓале на нацистички офицер од периодот на Втората светска војна.

somkoski

По шокантното откритие во утробата на сомот, риболовците повикале и полиција, која набрзо покренала истрага за а го открие идентитетот на човекот чии коски се најдени во сомот. Полицијата се обратила и кај биолозите и форензичарите. Тие не можеле со сигурност да кажат дали човекот, чии коски се најдени во утробата на рибата умрел на некој друг начин или го усмртил, па го изел сомот.

Коментари

Популарно