Дневен хороскоп

ОВЕН

Денес ќе бидете малку расеани и тешко ќе се концентрирате на работата. Таквото однесување може да ви нанесе штета и можно е да направите некои пропусти кои ќе имаат далекусежни последици. Стоите понастрана од еден колега кој смета дека се знае. Може да ве натера да кажете нешто што подоцна ќе биде пренесено кај претпоставените. Доколку сте во брак бидете внимателни, некоја тајна може да излезе на виделина. Слободните овни се во фаза кога на секој чекор можат да ја сретнат својата втора половина.

БИК

Губите волја за работа и имате осет како да стоите во место. Денес бидете внимателни околу финансиите. Трошоците ви се зголемуваат, а на повидок нема нови приливи. Внимавајте и на паричникот затоа што некој може да ви го украде. Партнерските односи би можеле да бидат добри доколку премолчите некои работи. Но, вие не сакате да молчите затоа што сознанието што го имате ве прави нервозни и ве разјадува однатре. Ако сте слободни, време е да се ослободите од минатото и да почнете да размислувате за иднината.

БЛИЗНАЦИ

Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и не правете се дека ги имате одговорите на сите прашања. Некој од нив може да ја префрли вината врз вас и да се најдете на лизгав терен. Завршете со документацијата и не дозволувајте повторно да ви се натрупа. Доколку сте во брак или подолга врска, не почнувајте разговори кои не сте во состојба да ги завршите. Прво, добро подгответе го она што имате да го кажете, па потоа настапите. Може да се случи на крајот од расправијата вие да бидете виновни.

РАК

Нервозни сте и импулсивни. Некои проблеми што ги имате во работата едноставно немаат решение. Можеби е најдобро во моментов да ги пуштите работите такви какви што се и подоцна повторно да се вратите на нив. Доколку сте осамени, почнуваат да ви се случуваат работи за кои не сте подготвени. Брзината со која се случуваат ве тера да кочите. Околината не забележува што се случува со вас и смета дека сте расеани. Ако сте во брак, односите со партнерот ви се вообичаени. Како секој од вас да внимава да не се соочи со другиот.

ЛАВ

Се наоѓате на крстопат и не знаете кој пат да го фатите. Од една страна сакате да одите напред, а од друга страна постојано се враќате назад. Незавршените работи ви предизвикуваат стрес, а можни се и критики од колегите. Наместо бурно да реагирате, време е да се соземете и да размислите за следните чекори. Во партнерските односи се трудите да анализирате некои минати ситуации за да можете да ги испланирате идните чекори. Време е да ги пуштите работите да се случуваат и да престанете да планирате.

ДЕВИЦА

Работите ви одат добро и тоа ви носи голема самоувереност. Но, бидете внимателни затоа што токму таа самоувереност може да ви претставува проблем. Гледајќи се себе и своите успеси, можно е да не забележите што се случува покрај вас. Колегите едвај чекаат да направите грешка и да ги заземат вашите позиции. Денес ќе имате шанса да заработите нешто на брзина и не дозволувајте да ја пропуштите. Партнерот се труди да држи чекор со вас, но тоа тешко му успева. Престанете со критиките, не рушете му ја самодовербата.

ВАГА

Се наоѓате во ситуација кога морате да направите компромис. Понудата што ќе ја добиете не е она што сакате. Помошта од еден пријател нема да изостане, но таа нема да биде толку голема колку што очекувавте. Нервозата од работата ја пренесувате и на партнерските односи. Вие сметате дека се однесувате коректно, но размислете дали е тоа така. Не треба секогаш нешто да кажете за да го изритирате партнерот. Некогаш и она што се премолчува може да биде причина за расправија. Време е за разговор.

СКОРПИЈА

Доколку сте невработени, денес е можно да стапите во контакт со еден пријател кој ќе ви даде одлична понуда. Не бидете нерешителни и не размислувајте предолго. Понудата што ја добивте лесно може да отиде кај некој друг. Скорпиите што се вработени полека добиваат шанса да се покажат. Можеби тоа не е она што го сакаат, но секако е шанса. Односите со партнерот се на мртва точка. Тој како да прави некои планови во кои не сте вклучени. Бидете внимателни за да не бидете изненадени.

СТРЕЛЕЦ

Коцките полека ви се склопуваат и работите почнуваат да се одвиваат во добар правец. Денес ќе бидете малку расеани и ќе сакате многу да направите, но тоа многу понекогаш може да се сведе на ништо. Време е да направите план и да им се спротивставите на претпоставените. Вашето молчење понекогаш може да значи и одобрување. Партнерските односи ви се добри, но тоа не е поради вас туку поради флексибилноста на партнерот. Доколку сте сами, имате многу шанси за флерт, но ништо повеќе од тоа.

ЈАРЕЦ

Премногу сте и посветени на работата и тоа понекогаш ве прави ограничени во комуникацијата. Време е да видите што се случува околу вас. Колегите се трудат да земат дел од вашите заслуги , а вам како да не ви е важно. Важно ви е работата да тече во правец кој сте го замислиле. Партнерот денес ќе биде опуштен и комуникативен. Ќе се потруди и вас да ве убеди да се опуштите и да не бидете толку сериозни, но тешко ќе му успее. Ако сте осамени, размислувањето за старите добри времиња нема да ви донесе ништо ново. Време е да се ослободите од минатото.

ВОДОЛИЈА

Вашата самоувереност денес може да ви направи проблем. Грешките што ги правите во работата секако ќе дојдат за наплата и затоа е најдобро да направите добар план. Вие сметате дека сте најдобри и дека никој не ги забележува грешките, меѓутоа колегите го следат секој ваш чекор и го анализираат. Партнерот има проблеми со здравјето и очекува ваша помош. Меѓутоа, вие лесно поминувате преку таквите работи и го оставате сам. Таквото однесување може да ви направи голем проблем во понатамошните односи.

РИБИ

Имате големи планови за иднина, но како да наидувате на сопки на секој чекор. Денес еден од колегите може да ви забележи дека сте многу амбициозни и дека додека другите гласно се борат за своето место, вие тивко успевате во своите намери. Партнерските односи ви се на точка на вриење. Мислењата со партнерот сосема ви се разидуваат и време е да преземете радикални чекори. Денес е можна расправија која повторно нема да ве доведе до решение. Ако сте осамени, можна е тајна средба со личност родена во воден знак.

Коментари

Популарно