Им била ветена работа во Министерсво за Одбрана, но други ја добиле!

24 потенцијални армиски специјалци ни се обратија со цел јавноста да ја слушне нивната приказна и прекршеното ветување од Министерството за одбрана, поточно Минитсерот Јолевски. Untitled - Во името на сите 24 дискриминирани идни специјалци, сакам јавно да ја споделам оваа вест со вас. Вест за нефер, недемократкси однос. Без одговор и објаснување, сме обесправени за прием во професионалната војска, односно во редовите на специјалните единици. Бараме одговор, бидејќи сите ние издржавме до крајот на селективниот курс и ни беше ветено, од страна на Министерот Јолевски, дека оние кои ќе го поминат курсот до крај, ќе бидат повикани на работа. Бараме одговор, како е можно некој кој останал цели 24 дена и за заслуга добил сертификат за работа, доделен лично од командант Васко Гурчовски, да не биде повикан на работа, иако сите добивме телефонско известување пред триесетина дена, да не одиме на одмор бидејќи за брзо време не ќе добиеме повик да ги потпишеме договорите? Како е можно некој кој бил присутен само 2-3 дена на селективниот тест да биде примен, а ние не? Ние немаме ништо против тоа што тие луѓе се примени на работа, едноставно сакаме да ни се исполни ветеното, т.е. да ја добиеме работата шти ја заслужуваме и за која макотрпно се изборивме, ни изјави Тихомир Митрев. Засега нема соопштение од Министерството за одбрана за овој случај.

Коментари

Популарно