Зошто богатите арапски земји не прифаќаат мигранти од Сирија?

Најмногу побегнале во соседните или блиските арапски земји, во Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет. Тие кои одат понатаму, речиси исклучиво се движат кон северозапад, кон Европската унија, во која моментално се наоѓаат над 160.000 регистрирани бегалци, но ретко кој од Сирија тргнува кон земјите на Персискиот Залив, иако се работи за богати држави со кои многумина кои бегаат имаат иста вера и култура.

begalci-540x389

Основниот проблем за бегалците е што ниту една од шесте богати и влијателни земји на Персискиот Залив, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Бахреин, Кувајт и Катар, не е потписничка на конвенцијата за бегалци на ОН, која го дефинира поимот бегалци и правата на лица кои бараат азил. Влезот во тие земји не е можен без виза, која ретко кои ја добиваат.

Наместо прифаќање на бегалците, земјите на Персискиот залив пружаат парична помош. Емиратите финансираа цел камп за бегалци во Јордан кој прима десетици илјади Сиријци. Владите на Саудиска Арабија и Катар донираа пари, храна, стационари и облека за сириските бегалци во Либанон, Турција и Јордан. Вкупно дале над 900 милиони долари за сириските бегалци.

Од друга страна, земјите на Европската унија до сега донирале над 2,4 милијарди долари и се подготвуваат да прифатат уште поголем број на бегалци.

Муслиманите се чувствуваат предадени

Се работи за состојба во која се поголем број муслимани, како и муслиманските заедници во европските држави, почнуваат да ги повикуваат своите браќа по вера, а трендот е се по видлив на социјалните мрежи.

Само минатата недела, арапскиот хаштаг #Прифаќањето на сириските бегалци е должност на Заливот, е користен над 33.000 пати на Твитер. Корисниците објавуваат фотографии на сириски бегалци како страдаат на море, деца како преминуваат бодликави жици или семејства како спијат на отворено.

На Фејсбук страницата Сириска заедница во Данска, објавено е видео кое прикажува мигранти како влегуваат во Австрија од Унгарија. Еден од корисниците се прашува: Како побегнавме од регионот на нашите муслимански браќа, кои треба да преземат поголема одговорност за нас од луѓето кои ги опишуваат како неверници.

Друг корисник му одговара: Се колнам на Севишниот, Арапите се неверници!

Дури и традиционалните медиуми во арапските земји на Персискиот Залив се повеќе повикуваат на солидарност. Саудискиот весник Мајјак објави стрип кој стана хит на социјалните мрежи, во кој бегалец со дете клечи пред вратите на ЕУ, додека зад арапски врати, опколени со бодликава жица, гневен шеик покажува со прст на ЕУ и вика – Зошто не ги пуштите внатре, вие негостопримливи луѓе?!

Новинарката на Би-Би-Си Амира Фатала верува дека тешко ќе дојде до промени во политиката на заливскиот режим кон бегалците. Многумина се потпираат на работници од Индија и југоисточна Азија, кои работат тешки работи за кои не треба образование. Иако Арапите од државите кои не се од Персискиот Залив често работат работи за средна класа, во последно време се соочуваат со се посилната национализација, во која саудиските и кувајтските власти даваат предност на локалната работна сила.

Превисока цена на живот

Либералниот коментатор од Обединетите Арапски Емирати, Султан Сауд ал-Касеми, отворено ја повикува својата влада да ги прифати бегалците. Локалните тинк-танкови се против тоа, со аргументи кои привлекоа многу јавни критики, тези дека цената на животот во Заливот е превисока за нив или дека се работи за тешко истрауматизирани луѓе кои нема да се прилагодат на животот во заливското општество.

Иако заливските земји со години се плашат да не го изгубат својот јазик и културниот идентитет поради големиот број на економски имигранти, Ал-Касеми верува и дека ги одбиваат Сиријците бидејќи се плашат од прилив на голем број на политички активни Арапи во својата земја, кои традиционално се исклучително политички пасивни.

Кувајт за сега покажа најмногу добра волја за сириската несреќа, со тоа што одобри визи за долготраен престој на сите Сиријци кои моментално работат и живеат во таа земја, 120.000 од нив, што значи дека нема да ги депортира назад во Сирија кога ќе им истече акутелната виза.

Во состојба во која ЕУ подготвува планови за доаѓање и сместување на нови бегалци, а земјите од Персискиот Залив не ја признаваат меѓународната повелба за права на бегалците, не е чудно што стотици илјади луѓе чии домови се уништени од војната, бегаат во насока каде постои барем каква таква надеж дека ќе бидат прифатени.

Ни Америка не ги сака бегалците: Европа е способна сама да го реши овој проблем.

САД во четвртокот изразија подготвеност да помогнат на европските земји соочени со голем пораст на бројот на мигранти од Блискиот исток и од северна Африка, но сепак не се понудија да преземат повеќе мигранти од регионот.

- Европа е способна да го реши овој проблем – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Прашан дали САД се подготвени да преземат повеќе мигранти од регионот, тој рече дека нема ништо за да изјави, но ја истакна четири милијарди долари американската хуманитарна помош за сириските бегалци од 2011 година.

САД е подготвена да го понуди своето техничко искуство меѓу кои и вештините на американската крајбрежна стража во европските земји, рече тој, не влегувајќи во детали.

Тој потенцира дека се работи за очајни луѓе кои бегаат од насилства и нестабилност и ги повика политичарите да не ја изгубат предвид хуманоста за овие луѓе.

Рече дека САД го поздравува состанокот на ЕУ кон крајот на месецов посветен на мигрантската криза како и напорите да се спречат шверцерите на луѓе кои ги искористуваат мигрантите.

Коментари

Популарно