ГАЛЕРИЈА: Ова е најубавата прилепчанка!

Лилјана Илиеска е доказ дека Македонките се меѓу најубавите жени во светот. Таа во светот на модата започнува на 16 години и веќе 5 години е дел од модните случувања кај нас и во светот.

lile500

Оваа магична убавица на секој избор за убавина е на водечките позиции. Триумфира на избор во Сплит, Хрватска, Рим, Италија, а на Мис Модел на светот кој се одржа во Хонк Конг, застанува рамо до рамо со најубавите 15 девојки во светот.

Мексико е следната дестинација на која нашата мистична убавица моќно ќе чекори.

Лилјана соработува со повеќе агенции во Македонија, а редовно учествува и на ревиите и задоволно ги носи креациите на Мишел Адам. Пред една недела ја виде и модната публика во Фиренца каде се одржа ревијата на Академија Италијана.

- Јас уживам во оваа работа. Манекенството за мене е уметност, комбинација од работа и забава додека си млад, изјави Лилјана за Курир.

И за крај, Лилјана открива една тајна. Јаде чоколадо во изобилие, а изгледа совршено.

Коментари

Популарно