ВИДЕО: Дали е ова најсреќниот човек во светот?

Во Саудиска Арабија е снимено видео во кое е доловен навистина страшен момент, кој за среќа не завршил трагично.

staklo

Според снимка од безбедносна камера можеме да видиме како еден човек се движи по тротоар во Саудиска Арабија, за влакно избегнувајќи да биде повреден од стакло кое паѓа од зграда. Видеото е објавено на LiveLeak, a за среќа човекот не е повреден во инцидентот.

Од снимката може да се види дека е шокиран од целиот настан, но истовремено и среќен што минал без лоши последици. На крајот од видеото гледаме дека од зградата излегуваат луѓе кои го повикуваат да влезе со нив за да му понудат помош.

Коментари

Популарно