Меси - најдобар фудбалер за 2012

Напаѓачот на Аргентина и Барселона Лионел Меси повторно ја освои „Златната топка“, односно беше прогласен за најдобар фудбалер во 2012. година.

Аргентинскиот виртуоз Лионел Меси запиша нов рекорд откако вечерва по четврти пат ја освои најпрестижната фудбалска награда, „златната топка“, на гала-церемонијата во Цирих. Ниту еден фудбалер не бил така доминантен како аргентинскиот виртуоз, па четвртата рекордна награда само потврдува дека во моментов нема конкуренција во светскиот фудбал и уште повеќе ја продлабочува дебатата дали е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Аргентинецот зад себе повторно го остави Кристијано Роналдо, како и својот соиграч Андрес Иниеста. По прогласувањето тој им се заблагодари на сите они кои гласале за него, како и на сите негови соиграчи без кои тој не би успеал да ја освои оваа награда.

Пресудно за оваа награда најверојатно беше и соборувањето на рекордот на Милер, постигнувајќи фантастични 91 гол во една календарска година!

Коментари

Популарно