Денеска облачно, но од утре...

downloadДенеска е вторник, 6 октомври 2015 година, 279-от ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 86 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 34 минути, а ќе зајде во 18 часот и 9 минути.

Денов трае 11 часа и 35 минути.

Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее 18 минути по полноќ, а ќе зајде во 14 часот и 44 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. По одделни котлини има услови за слаба магла.

Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 4 до 12 а највисоката дневна од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец.

Утринската температура во земјава ќе се спушти 11, а највисоката дневна ќе достигне до 25 степени.

Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови од Медитеранот. Времето ќе биде променливо, а на места значително облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и се очекува на повеќе места да наврнуваат над 20л/м2 воден талог (дневно). Дневните температури ќе бидат во опаѓање. И ќе се движаат од 12 до 22 степена.

Коментари

Популарно