Тетовец изреволтиран од резултатот кршел низ градот

Пијан дваесетгодишник се изнервирал по квалификацискиот натпревар меѓу фудбалските репрезентации на Србија и Албанија којшто се следеше во живо на виодеобим на плоштадите во Тетово и Гостивар. Момчето почнало да крши и се здобило со повреди.

Policiska-lenta

Според информациите од СВР Тетово, околу 22.45 часот по завршувањето на натпреварот, пијан жител на тетовското село Теарце на булеварот „Илинденска“ во Тетово, со рака скршил светлечки реклами на две банки. Дваесетгодишното момче се здобило со исеченици на рацете коишто му биле санирани во тетовската болница. Издадени му се два платни налози коишто треба да ги плати поради нарушувањето на јавниот ред и мир.

Коментари

Популарно