Не излегувајте без чадор, не очекува дождлив ден

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремен слаб до умерен дожд почест во западните делови од земјава. Ќе дува умерен југоисточен ветер кој на југот и вдолж Повардарието повремено ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 14 до 21 степени Целзиусови. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

vremenska_dozd-610x400

Доколку се решите да излегувате во текот на викендот, тогаш со себе понесете чадор или мантил за заштита од дожд. Не ги заборавајте до крајот на викендот, зашто според прогнозите засилената циклонска активност нема да се намали.

Коментари

Популарно