Вардар со голем бод се враќа од Веспрем

Ракометарите на Вардар потврдија дека репрезентативната пауза не оставила никаква трага врз нивната форма, ремизирајќи 24-24 на гостувањето против Веспрем во рамките од СЕХА-лигата.

var-m-1

Воопшто не е срамота да се одигра реми на теренот на силниот Веспрем, но евидентно е дека Вардарци пропуштија изгледна прилика од гостувањето во Унгарија да се вратат со победа.

Вардарци беа далеку подобриот противник во првото полувреме, имаа и игра и резултат, но со нерезонските грешки го вратија противникот во игра.

Тимур Дибиров со учинок од седум гола од осум обиди беше убедливо најдобриот поединец во редовите на „црвено-црните“, а ефикасен беше и Алекс Душебаев со четири погодоци. Страхиња Милиќ оствари десет интервенции. На спротивната страна одличен беше Ласло Наџ, со осум постигнати гола.

По оваа средба Вардар има насобрано 19 бода, кои што во моментов го пласираат на третата позиција на табелата, со напомена дека ова е провизорен рангинк, бидејќи допрва ќе треба да се доиграат преостанатите мечеви од колото.

Коментари

Популарно