Тешка ноќ за полицијата откако Спасовски и ги одзема овластувањата

Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, избран од редовите на СДСМ завчера по гласањето на законите што произлегоа од Договорот од Пржино за надминување на политичката криза, со телеграма ги известил сите раководни лица дека престануваат да важат сите пренесени овластувања од министрите кои раководеле со МВР до денот на изборот на новите членови на владата, односно до неговиот избор, пишува порталот „Press24.mk“.

spasovski

Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од синоќа полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластувања. Со недоразбирањето од повлекувањето на овластувањата на вработените, веќе се случиле неколку инциденти низ државата. Македонското Министерство за внатрешни работи сеуште го нема пуштено билтенот за настаните и инцидентите кои се случиле во градовите низ Македонија. Дел од припадниците на МВР не знаат ни дали имаат овластување ова утро да му ја кренат капијата на новиот министер, ниту пак дали смеат да ги управуваат службените возила.

Исто така, со одлуката за повлекувањето на овластувањата на вработените во полицијата, имало и кус прекин на бесплатната телефонска линија за закажување термин за сликање за лични документи. Останува и дилемата, кој смее да ги прима барањата од граѓаните.

Според толкувањата на правниците, доколку Спасовски не ги врати овластувањата, не смеат да се примаат граѓани, бидејќи во спротива се работи за сериозен прекршок.

Коментари

Популарно