Значење на денот на раѓањето: не е исто дали сте родени во понеделник, среда или петок…

Древните пророци воочиле дека секој ден од неделата е енергетски поврзан со една од седумте видливи планети. Тие советувале одредени активности и однесувања кои им одговарале на влијанијата на дотичниот ден. Тоа ги зголемувало шансите за успех во разни потфати.

ден

Во зависност од тоа во кој ден од неделата сте родени, претставувате специфични одлики на планетата која го носи името според тој ден. Според древната традиција, денот почнува со излегувањето на сонцето и трае до следното излегување, а не до полноќ. Затоа, ако во вашиот извод на родени пишува дека сте родени во сабота во четири наутро, би требало да се сметате дека сте бебе кое се родило во петок наутро.

Понеделник

Месечина (мајка на сите богови кај старите Египјани)

Понеденик е променлив и непостојан. Може да биде добар ден за писателите затоа што фантазијата е исклучително стимулирана тој ден. Месечината во астрологијата симболизира женски принцип и затоа понеделник владее со жените и ги заштитува. Се смета дека девојчињата родени во понеделник стануваат добри сопруги и мајки. Понеделник е погоден за сите видови домашни работи, но не се препорачува за патување по копно, а бидејќи Месечината владее со вода патувањето преку море или реки ќе помине без проблеми.

Вторник

Марс (бог на војната)

Војниците, хероите, витезите се раѓаат во вторник. Во минатото овој ден се сметал за исклучително тежок, бидејќи токму на тој ден почнувале војни и воени удари. Тоа е дена за почеток, за акција, борба, драстични промени и смели потфати. Не се препорачува многу одмор, напротив тој ден почнете некој проект и бавете се со физичка работа. Овој ден не е добар за тимска работа, ниту за работа во пар, затоа што со него владее Марс, богот на војната.

Среда

Меркур (гласник на боговите)

Со среда владее Меркур кој е поврзан со трговијата, знаењето и информациите. Умот е поактивен, љубопитен и отворен за комуникации и размена на идеи. Луѓето родени во среда брзо размислуваат. Овој ден е погоден за патувања, трговија, склучување договори, нови контакти, административна и интелектуална работа. Проблемите во среда се решаваат мирно и без конфликти.

Четврток

Јупитер (владетел на боговите)

Древните народи Јупитер го нарекувале „крал на планетите“. Луѓето родени во четврток го привлекуваат внимание и почитување со својот оптимизам и широкоградост. Се сметаат за родени лидери и обично заземаат високи позиции во општеството. Во старите култури честопати биле избирани за свештеници и важеле за мудреци. Четврток е добар за религиски и политички потфати и тоа е воедно ден кој е погоден за решавање на правни и државни проблеми. Не е добар за деловни и трговски проекти, како и за нови контакти.

Петок

Венера (божица на убавината)

Божицата на убавината, љубовта и уживањето владее со овој ден. Се смета дека луѓето родени на овој ден носат мир, хармонија и убавина. Тие се уметници, естети, дипломати и трагаат за сензуални уживања. Та е ден кога луѓето се расположени за опуштање и забава. Изненадува тоа што овој ден не е погоден за венчавки и љубовни состаноци. Внимавајте премногу да не се опуштите во петок бидејќи тогаш полесно им се попушта на телесните желби и ниски страсти.

Сабота

Сатурн (бог на смртта и времето)

Ова е уште еден критичен ден во неделата посветен на мртвите. Тоа е ден кога се раѓаат научници, филозофи, осаменици и аскети. Тоа се луѓе кои вообичаено имаат посериозен однос кон животот и поседуваат чувство за одговорност. Личностите родени во сабота имаат склоност да бидат тажни и загрижени. Сабота е погодна за завршување на стари работи, но не и за почнување нови. исто така, сабота е неповолен ден за венчавки и долги патувања.

Недела

Сонце (бог на животот и излекувањето)

Луѓето родени во недела ги краси позитивност, дарежливост и љубов кон животот. Ова е ден за прослави, креативност, среќа и успех. Најубав ден за венчавки, како и за почнување на нови активности и планови, како и за медицински третмани, затоа што тоа е ден во неделата кога почнува нов циклус опоравување на организмот. Според старите верувања недела е мошне среќен ден, а според астролозите луѓето кои се родени во недела се мошне харизматични и ведри, не им се покоруваат на нормите, туку постојано се во потрага за нешто друго. Станува збор за стабилни личности кои честопати ги следи среќа во животот. Недела не е погодна за изолираност и медитација.

Коментари

Популарно