ЖЕРНОВСКИ ПОЧНА НАСИЛНО ДА СОБИРА ПАРИ ЗА ИЗБОРИ: ПОЦ казнуваат кај ќе им текне!

Паркинзи на општина центар глумат шерифи во центарот на градот си казнуваат каде ќе им текне.

Денеска се паркирав во близина на последна 23 – ка спроти Нова Македонија, на една споредна уличка имаше слободно место меѓу две други возила и си се паркирав . Се свртев наоколу да видам дали има обележан паркинг, сакав да пуштам порака, но немаше никаде никаков знак. Завршив работа и се вратив да си ја земам колата и на неа казна од ПОЦ. Не ми е јасно зошто ме казниле му се јавив на лицето што ме казнило и го прашав зошто сум казнет. Типот збунето вика знам дека тоа не е наш паркинг и немаме право да ве казниме, ама имало поплаки од граѓани, па претпоставените ми рекоа да ги казнам сите. Го прашав дали вие во продавница плаќате производи кои не сте ги земале, вели не, епа како тогаш казнувате на место каде што нема одбележан паркинг. Така ми рекоа од горе, жали се кај нив. Ми даде број од call центарот. Се јавив и таму, чекав 45 минути некој да се смилува и да ми крене и на крај кога ги добив не знаеа што да ми кажат, велат тоа ви е, можете да пишете жалба. Епа еве јавно ја пишувам жалбата, ако ви требаат пари за плати или за избори има други начини да ги обезбедите, јас нема да ве финансирам, ќе се видиме на суд.

Можеби ќе мислев дека е случајно и немаше да се напнам да не си плаќав секогаш за паркинг, а ми се случи истото пред 10 дена во близина на клуб на пратеници, каде исто ме казнија на место каде не постоеше знак. Таа казна си ја платив одма, не сакав да се замарам,но пари од мене веќе не гледате.

ПОЗДРАВ

поц

поц1

Испратено од Виктор

Коментари

Популарно