Во Македонија нема место за херои и идоли, само за интереси

Неколку пати имам пишувано дека ние Македонците сме посебни. Како во позитивна, така и (многу почесто) во негативна конотација. Едноставно тоа го носиме тоа во генот. Еве и оваа недела, неколку настани својствени само за нас.

132545512-28769-640x355

1.Нападнати македонски ракометни репрезентативци во центарот на Скопје.

На само неколку дена по завршувањето на Европското првенство во ракомет во Полска и заверување на пласманот на квалификацискиот турнир за Олимписките игри летово во Рио, Стојанче Стоилов и Дејан Манасков биле нападнати од група скопјани во центар. Причината: не сакале да се сликаат со напаѓачите. Е дбро де, и јас не би се сликал да сум на нивно место. Ниеден спортист не би се сликал со фанови во 4 часот по полноќ! Затоа што другиот ден клубот, во случајов РК Вардар ќе дознае и ќе ги казни. Па приказната ќе се рашири по социјалните мрежи и сите ќе дознаат какви спортисти се нашите репрезентативци. Пред само неколку дена пишував за Манасков, дека е врвно лево крило. За Стоилов до пред две години мислев дека е во најдобрите 3 пикери во светот, но сега формата му е на пониско нив. Можеби токму пијанките до 4 саат сабајле го однесоа во погрешна насока, па место најдобар во светот, годинава во Послка беше просечен. Не многу подобар од младиот Пешевски. И за Дејан важи истото, и тој сигурно би имал подобри резулатати и партии ако е во кревет во 22 часот. Ако не ми веруваат мене, нека го прашаат капитенот Лазаров, тој е дефиниција за спортист и професионалец. Сепак, колку и да се криви ракометарите што место во кревет биле по кафани, каков лик треба да си за да нападнеш македонски репрезентатвиец бидејќи не сака да се слика со тебе? Да земеш бекатон плочки и да удриш по колите на ракометарите кои ја преставуваат државата во светот?! Само во Мкедонија навивачите мислат дека ги поседуваат играчите. Затоа сме посебни!

2.Изјавата на директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, за фамозните 600 вработувања дневно

Искрено немав намера да пишувам за политика оваа недела, но вчерашната изјава на Поповски не можам да ја игнорирам. По колумната (анализата) на Каракамишева и проблемот со несреќната љубов на младите во Македонија, вчера добивме уште една незаборавна изјава. Човеков зборуваше на дебата за „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразувани млади луѓе“ и не погоди ниеден податок. Ај што рече 600 вработувања дневно, па додаде дека во Македонија ќе нема кадар и повика иселеници да се вратат, на крај кажа дека иселените Македонци не се враќаат дома од гордост, иако во странство животот им е многу тежок. Се работело за маркетинг! Или народски кажано, ве лажат странцине! Директоров очигледно е скаран со математиката, па кога решил да ја пофали владата и новите надворешни инвестиции, малку избегал со бројките. Дека не знае ниту физика докажа кога рече дека во Македонија можете да стигнете секаде за 2 саата со автобус! Сега јас не знам со каков автобус се вози директор на Агенција за вработување, ама во оние во кои јас сум се возел, на пример Охрид е одалечен од Скопје минимум 3-4 саати. Може до автобусот е! Јас разбирам политичка кампања, разбирам поени, нагласување на позитивни мерки... се разбирам, но ваков говор, вакви „податоци“ од директор на Агенција за вработување, не зборуваат само за него, туку и за државата, односно за народот. Зборуваат за нашиот посебен менталитет.

Речиси 25 години имаме држава, а не успевме да изградиме систем на општествени вредности. Кај нас уште не се знае што е добро, а што лошо. Нема објективен критериум, па судот зависи од субјективни интереси. Токму затоа оваа изјава на Поповски набрзо ќе биде заборавена, а македонската публика ќе ги сака ракометарите кога победуваат и ќе ги мрази кога нешто не и се допаѓа. Нема тука место за херои и идоли, само за интереси.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно