Колкав долг зад себе остави Carrefour?

Точно пред три години во Скопје Сити мол на површина од 4.650 квадратни метри вратите ги отвори светски познатиот трговски ланец Carrefour. Пред неколку месеци хипермаркетот почна да се празни, вработени се помалку, а пред неколку дена официјално беше ставен клучот на врата.

carrefour-benefits-expatmoney

Носител на франшизата Carrefour во Македонија е фирмата ЦМБ Балканс Скопје ДООЕЛ која пред неколку денови за лошата ситуација ја информирала Владата.

Натрупан долг од десет милиони ерва и многу откази остави зад себе оваа компанија.

Од Стопанската комора за Телма велат дека е можно да се работи за сомнителни финансиски трансфери кои би требало да се испитаат и да се оцени дали неисполнувањето на обврските на оваа компанија кон другите фирми е резултат на ова, надополнувајќи дека според нивни сознанијаво одредени случаи, како и во конкретниов проблем, изостанувале редовни контроли на наделжните државни органи, вклучувајќи ги и инспекциските служби за да се спречи доаѓањето до една ваква ситуација.

Сопственик на маркетот во Македонија како што јавуваа медиумите беше грчката компанија Маринопулос која ги купи Карфур маркетите во Грција, откако оваа француска фирма реши да го повлече својот бизнис од Грција.

Заминувањето на Carrefour од Македонија повторно ќе биде проследено со многу контроверзи. Зошто не успеа овој бренд во Скопје Сити Мол?

Коментари

Популарно