Денеска сончево и студено

vremenska

Денеска е недела, 7 февруари 2016 година, 38-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 328 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути.

Денов трае 10 часа и 13 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 30 минути, а ќе зајде во 15 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до десет степени.

Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.

Коментари

Популарно