Вечер: Како се збогати Катица Јанева?

Во деталниот преглед објавен на официјалниот сајт на Државната комисија за спречување на корупцијата, наведени се промените во нејзината имотна состојба. Минатата година, очигледно откако стапи на функција, бидејќи податоците ги немаше во анкетниот лист кој беше објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција

351237-kako-se-zbogati-katica-janeva

Најнов детален преглед од ДКСК за имотната состојба на Јанева351238-kako-se-zbogati-katica-janeva

Катица Јанева, која со договорот на четирите политички партии во септември беше избрана за специјален јавен обвинител задолжен за истражување на случаите „Пуч" и „Прислушување", претходно била јавен обвинител во Гевгелија. На новата функција е шест месеци и за половина година купила два стана во Скопје за нејзините деца и еден автомобил. Во деталниот преглед објавен на официјалниот сајт на Државната комисија за спречување на корупцијата, наведени се промените во нејзината имотна состојба. Минатата година, очигледно откако стапи на функција, бидејќи податоците ги немаше во анкетниот лист кој беше објавен веднаш по нејзиното стапување на функција, купила два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Купила и автомобил голф 4, исто така имот на деца, кој официјално стои дека го купила во 2014, но нејасно е зошто тогаш тој автомобил го нема во првиот анкетен лист кој беше објавен непосредно по нејзиното стапување на функција.

Во деталниот преглед на нејзиниот имотен лист е наведено дека поседува моторно возило Ровер 45, а како имот на нејзиниот покоен сопруг стои моторно возило хингај, кое исто така го нема во првичниот анкетен лист. Претходно, Катица имала рено 5 кампус.

Во претходниот анкетен лист стоеја две куќи на име на нејзините родители - едната од 130 м/2 во Гевгелија, вредна 100.000 евра и другата во Смоквица, вредна 5.000 евра. Во најновиот анкетен лист пак на нејзино име стои куќа од 374 м/2 вредна 100.000 евра, која, како што е наведено, ја стекнала со наследство.

Откако стана специјален јавен обвинител, Катица си зела две кредитни картички: мастер голд со лимит од 2.500 евра, и американ експрес од Алфа банка со лимит од 3000 евра.

Целиот текст на Вечер.мк

Коментари

Популарно