Катица Јанева не е предавник, таа се однесува во согласност со нејзиниот статус

Главна тема ове денови на сите телевизии и портали е изјавата на Катица Јанева и нејзиниот однос кон институциите на државата. Специјалната јавна обвинителка за едни е херој, за други внатрешен непријател број еден. За мене, потполно очекуван развој на настаните.

katica-janeva---janevska-ilieva-28

Сериозно ми е нејасно зошто некој би бил изненаден од изјавите на Јанева или од нејзиното не појавување во Собранието или Јавното обвинителство за образложување на извештајот за работата во првите шест месеци од постоењето на Специјалното јавно обвинителство. Таа се однесува во согласност со нејзиниот статус. Статус на НЕУСТАВНА иснтитуција.

Кога пред 6-7 месеци беше договорено СЈО и беше сурово прегазен Уставот, беа прегазени и сите обвски на „специјалните“ кон останатите институции. Кога некој е над Уставот, зошто би чувсвувал обрска да образложува извештај пред било која институција во државава? Јанева и колегите беа донесени под силно медијаторство (читај притисок) на меѓународни јаки фаци, па сега единствено на нив им одговараат. Затоа се разбирливи сите средби на Катица со странците и сите заеднички прес конференции. Обвинителката од Гевгелија на неколкупати јасно покажа дека нема намера да соработува со ниту една македонска иснтитуција или да одговара на, за неа непожелни прашања на новинарите. Но, тоа не е нејзина вина, туку на оние кои ја донесоа на позиција. Оние кои го измислија или дозволија да постои неуставното СЈО. Затоа ми е нејасно зошто сега речиси сите експерти свите критики ги насочуваат кон Јанева? Таа не бараше да имаме неуставно обвинителство. Не бараше да биде специјална. И понудија и прифати! Да не прифатеше Јанева, ќе прифатеше некој друг. Всушност Катица не беше прв избор во „драфтувањето“ на шеф на СЈО. Уште посмешно е што сега експертите се повикуваат на законот за ова обвинителство, а истиот е неуставен! Си играме држава во недостиг на компетентност да бидеме држава!

Другата тема која ја прослави гевгеличанката се нејзините изјави, со кои таа го оспори легитимитетот на Собранието, Претседателот и Уставниот суд, бидејќи изборите во 2011, 2012 и 2013 година, според неа биле нерегуларни. Ок, малку згреши за Претседателот кој е избран во 2014 година, ама „специјална“ е и се прашта. Би ги разбрал јас сите забелешки за нејзината изјава кои ја осудуваат дека таа е само обвинител, а не е судија. Дека со ова ја руши македонската држава, го крши секој закон, па и Уставот, но таа е репрезент токму на тоа. Специјалното јавно обвинителство е пример за кршење на Устав и рушење на правен поредок! Што очекуваат сега од неа оние кои во собранието ја изгласаа? Да го почитува Уставот кој тие го срушија?!!! Ова не се правила на игра кои Јанева ги измисли, туку правила на игра кои ја измислија неа. Таа е производ на кршење на Уставот. Таа е производ на предавањето на Македонија, а не обратно! Тој производ, самоуништувачки, не знае да се однесува на друг начин. Не знае за закон, за Устав, за идентитет. Знае за сила, деструкција и измама.

Затоа е сулудо да и судима на Јанева и нејзиниот тим. Тие си ја работат работата за која се донесени на сцена и им одговараат на оние кои ги донесоа на позиција. Одговорноста лежи кај нашиот политички врв и институциите кои го дозволија тоа. Од преговарчкиот тим во Пржино, преку Собранието кое ја гласаше, до Уставниот суд што не ја сруши кога можеше. Сега е доцна за реакции. Укинувањето на СЈО нама да донесе ништо добро, напротив, би донело штата на цела држава. Таа тоа го знае и од истото црпи сила. Затоа наместо да се замараме со нејзините изјави и хирови, наместо да чекаме да се појави негде, каде самата кажа дека нема намера. Место да се троши енергија да се оцрни СЈО на кое му дадовме легитимитет газејќи го Уставниот поредок во Македонија, време е да прифатиме одговорност и да продолжиме понатаму. Крајно време е да престанеме да си играме игри и да ја префрламе топката. При една таква игра добивме СЈО и го поништивме гласот на граѓаните со внесување на технички министри и премиер во Владата. Ако продолжиме ќе добиме и Специјален суд, а можеби и многу други „специјални“ институции, па ќе станеме „специјална“ демек држава. Тогаш веќе нема да биде важно кој е крив, кој е предавник, а кој не предал како херој. Кога поразот е запишан, а државата распадната, историјата е небитна.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно