ВИДЕО: Антиќ ја тужи полицијата во Њујорк

Американските медиуми пренесуваат дека македонскиот кошаркар Перо Антиќ поднесе граѓанска тужба против полицијата во Њујорк.

pero.antic_.mkdnews-680x365

Поранешниот играч на НБА составот Атланта Хокс поднесе граѓанска тужба против полицијата во Њујорк, а се очекува истото да го стори во текот на оваа недела и крилото на популарните „јастреби“, Табо Сефолоша, известува Кевин Арновиц (ЕСПН).

Тужбата е поврзана со инцидентот од април минатата година пред ноќниот клуб во Њујорк каде што двајцата кошаркари беа уапсени.

Според изворот ЕСПН:

Лажно апсење, незаконско затворање, напад, физичка закана, нарушување на граѓанските права, малициозно гонење (злонамера) се наведува во жалбата на Антиќ кој бара 25 милиони долари како компензација.

„Њујоршката полиција погрешно и неправило го уапсиле Антиќ“, рече бранителот на Антиќ, Алекс Спиро кој додаде треба да се преземе одговорност околу целата ситуација.

Да потсетиме, Антиќ (играчот на турскиот клуб Фенербахче) беше приведен поради попречување на работата на полицијата, а потоа пред судот беше докажано дека е невин.

Коментари

Популарно