Борко Ристовски од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона

Изборот број еден меѓу стативите на нашата ракометна репреентација,  Борко Ристовски од следната сезона ќе биде нов голман на актуелниот европски ракометен шампион Барселона.

pixelmk-borko-ristovski-na-golot-na-rajn-nekar-leven-35210

Веста ја објави каталонскиот „Спорт“ со што Борко потпиша двегодишен договор со каталонците, како замена за сегашниот голман Даниел Шариќ кој си заминува од клубот на крајот од натпреварувачката сезона. Борко уште пред неколку недели беше во двоумење каде ќе ја продолжи следната сезона, бидејќи имаше понуда и од сегашниот клуб Рајн Некар Левен.

За Борко ова ќе биде враќање во Шпанија после 10 години, кога во 2006 година беше дел од Алгесирас и Теукро.

Коментари

Популарно