УБИЕЦОТ МОНСТРУМ: Српската пејачка била безмилосно убиена!

pejacka1

Во истрагата се вклучени и инспектори од високотехнолошкиот криминал кои го проверуваат профилот на Јелена бидејќи нејзините познајници велат дека таа добила заканувачки пораки.

Српската пејачка Јелена Маријановиќ (33) била претепана до смрт со дрвен предмет, најверојатно палка, покажала обдукцијата. Од силните удари на Јелена на неколку места ѝ пукнал черепот и дошло до внатрешно крвавење.

Во истрагата се вклучени и инспектори од високотехнолошкиот криминал, кои го проверуваат профилот на Јелена бидејќи нејзините познајници велат дека таа добила заканувачки пораки.

pejacka

- Таа се смееше на тие пораки, а ниту јас не ги сфатив сериозно. Не знам кој и зошто ја уби Јелена. Да знаев, ќе ја заштитев. Јас сум верник, а верниците не убиваат - рекол сопругот на пејачката, Зоран, кој не пуштил ниту една солза.

- На мојот син вчера му ги зедоа спортската опрема, лакот и стрелата. Тој беше трет во Европа. Веројатно тој е мамка за убиецот по кој трагаат. Тврдам дека мојот син не е убиец бидејќи беа поврзани како нокт и месо. Можеби се шегувале, но не е љубоморен. Ако беше така, немаше да ја убедува да работи како пејачка. Нивните расправии беа - „немој да јадеш леб“ или пак - „зошто си го облекла тоа“ - рекол Владимир, свекорот на убиената пејачка.

Тој додал дека неговиот син барал од Јелена да се однесува како јавна личност, а таа била скромна и не го сакала тоа. Владимир синоќа беше да го земе својот син од станица, но се врати со неколку полицајци, кои од неговата куќа одзеле уште неколку работи. Како што пишуваат српските медиуми, полицијата досега не го пронашла оружјето со кое би можела да биде убиена Јелена.

Коментари

Популарно