Кире Лазаров: Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО

Вечерва во 20:30 против домаќинот Полска, Македонија го отвара квалификациониот олимписки турнир. Со победа македонские ракометари ќе бидат речиси сигурни патници во Рио и ќе го остварат својот сон. Колку учеството на олимпијада им значи на нашите ракометари зборува изјавата на капитенот, Кирил Лазаров.

Untitled

„Од кога знам за себе играм ракомет, ракометот е мојот живот. Репрезентативниот дрес го носам 19 години и време да ставиме круна на се што постигнавме јас и моите другари од репрезентацијата изминативе десетина години. Пласманот на ОИ за нас како мала држава е многу повеќе од спорт, затоа треба да бидеме сплотени како никогаш до сега и да ја извојуваме најголемата победа во историјата на македонскиот екипен спорт. Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО“, изјави Кире.

Коментари

Популарно