Ролувани мисиркини гради

roluvani-misirkini-gradi

Доколку го сакате месото, а сепак сте во потрага и по нешто малку различно, тука секогаш е месото од мисиркa кое важи за едно од најздравите и во исто време највкусни меса.

Состојки:

- Мисиркини гради - 500 гр.

- Пршута (тенко сечена) - 10 парчиња

- Кашкавал - 50 гр.

- Ананас - 4 кругчиња

- Јајца - 2

- Сончогледови семки - 100 гр.

- Брашно - По вкус

- Сол - По вкус

- Масло - По вкус

Инструкции:

Чекор 1:

Мисиркините гради исечете ги тенко хоризонтално, со цел да добиете форма на книга, а потоа уште еднаш исечете го преостанатиот, подебелиот дел. Врз месото ставете најлонска фолија и со толчник истенчете го месото.

Чекор 2:

Врз месото наредете тенко исечкан кашкавал, пршута и ананас исечкан на ситни коцки кој претходно сте го исушиле. Завиткајте во ролат и заврзете со кујнски конец. На масло пропржете го од сите страни додека не добие румена боја. Извадете го од тавчето и оставете го малку да се излади.

Чекор 3:

За тоа време сомелете ги семките од сончоглед. Од мисиркиното месо тргнете го кујнскиот конец, извалкајте го во брашно, а потоа и во посолени изматени јајца и сомелени семки од сончоглед. Пржете на среден оган од сите страни на загреано масло .

Чекор 4:

Ролатите исцедете ги, оставете ги да се изладат, исечкајте ги на кругчиња и сервирајте со прилог по избор.

Коментари

Популарно