Пораката со која Жељко Обрадовиќ реши да ги мотивира своите играчи гласеше „Уште една“ на сите јазици кои ги говорат играчите на Фенербахче, меѓу нив и на македонски, српски, шпански, чешки…
Обрадовиќ е „стар лисец“, свесен дека најголемиот предизвик допрва претстои, дуел со одличниот тим на ЦСКА кој ќе решава за европската круна.